28 Септември, 2024
0.0296

Цените на нафтата се зголемија за околу 2 проценти

Објавено во: Економија 15 Ноември, 2016

Добивај вести на Viber

Цените на нафтата се зголемија за околу 2% денеска и се мрднаа од дното на кое беа ден порано, соопшти Ројтерс. 

Цената беше охрабрена од очекувањата за понизок принос од наоѓалиштата и од обновениот оптимизам дека ОПЕК ќе постигне договор за намалено производството.

Американската лесна сурова нафта WTI поскапе со 2,35% до 44,34 долари за барел до 11:00 часот, а цената на европскиот репер Брент се зголеми со 1,87% до 45,26 долари за барел.

„Новините, дека Катар, Алжир и Венецуела поведуваат иницијатива за договор во ОПЕК ги поттикнуваат цените на нафтата"- коментираат аналитичарите од IG Group.

Официјалната средба на ОПЕК е закажана за 30 ноември во Виена.

Во меѓувреме Ирак објави дека ќе го намали извозот на суровата нафта сорта „басра" од јужните  пристаништа до 3,16 милиони барели дневно во декември. Во ноември нивото е 3,24 милиони барели. Нивото во декември би било најниско за четири месеци.


Можеби ќе ве интересира

Шефот на Nvidia гледа „спас“ во нуклеарната енергија

Шефот на Nvidia гледа „спас“ во нуклеарната енергија

ЕВРОПСКИОТ СУД ПРЕСЕЧЕ - познатиот германски синџир супермаркети ги измамил клиентите со реклами за попусти

ЕВРОПСКИОТ СУД ПРЕСЕЧЕ - познатиот германски синџир супермаркети ги измамил клиентите со реклами за попусти

ПОЗНАТ МОДЕН СИНЏИР ГИ ЗАТВАРА СИТЕ СВОИ ПРОДАВНИЦИ! организираат аукција за да се ослободат од имотот

ПОЗНАТ МОДЕН СИНЏИР ГИ ЗАТВАРА СИТЕ СВОИ ПРОДАВНИЦИ! организираат аукција за да се ослободат од имотот

„ДЕНЕС ИМАМЕ ПРИЧИНА ДА СЕ ГОРДЕМЕ“: еве што порача Битиќи преку социјалните мрежи

„ДЕНЕС ИМАМЕ ПРИЧИНА ДА СЕ ГОРДЕМЕ“: еве што порача Битиќи преку социјалните мрежи

ПРВ ПАТ ВО ИСТОРИЈАТА: Холандија произведе повеќе од 50 проценти од електричната енергија од обновливи извори

ПРВ ПАТ ВО ИСТОРИЈАТА: Холандија произведе повеќе од 50 проценти од електричната енергија од обновливи извори

ДАЛИ АМАЗОН ЌЕ ГИ ИЗГУБИ РАБОТНИЦИТЕ - по најавата за враќање во канцеларија, 73 отсто од вработените најавуваат откази

ДАЛИ АМАЗОН ЌЕ ГИ ИЗГУБИ РАБОТНИЦИТЕ - по најавата за враќање во канцеларија, 73 отсто од вработените најавуваат откази

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ГЕРМАНИЈА: За колку се зголеми?

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ГЕРМАНИЈА: За колку се зголеми?

ЕВРОСТАТ: Цените на житарките во Европската Унија се намалија за 14 отсто

ЕВРОСТАТ: Цените на житарките во Европската Унија се намалија за 14 отсто

АРГЕНТИНА: Државата тоне во сиромаштија

АРГЕНТИНА: Државата тоне во сиромаштија