22 Ноември, 2024
0.0265

ЦЕНОВНИК ЗА СМЕСТУВАЊЕ ВО ГРЦИЈА: Еве што можете да очекувате ова лето

Објавено во: Финансии 13 Мај, 2023

Добивај вести на Viber

Нема сомнеж дека и оваа година мнозинството Македонци и Срби ќе заминуваат на одмор во Грција. Иако многумина од нив однапред го планираат одморот и веројатно веќе го одбрале аранжманот кој им одговара (најчесто со плаќање на рати), сепак има и неколку кои сметаат дека ќе имаат доволно време до летото. Затоа ги разгледавме цените за сместување кои се во понуда. Секако, треба да се има предвид дека цените значително варираат од туристичката дестинација и особено од месецот во кој е планирано патувањето до море.

За разлика од цените во продавниците во Грција, кои поради инфлацијата се малку повисоки од ланските, цената на сместувањето во Грција се уште е во нормални граници, односно иста како лани. Цените на апартманите на Халкидики се движат од 30 до 50 евра, во сместување без поглед на море, додека оние со поглед на море ќе чинат од 20 до 30 евра повеќе. Ова се однесува на претсезоната, ако и за туристите кои сакаат помалку гужви во пост-сезоната, во септември. На истото место во екот на сезоната (јули-август), според старото непишано правило, потребно е да се издвојат значително повеќе, во просек околу 120 евра.

За љубителите на поексклузивните локации во Грција, потребен е подлабок џеб, а според податоците на грчката инфо веб-страница, како што се Санторини или Миконос, цените на становите може да се движат и до 200, па дури и 300 евра за ноќ.

Треба да се има на ум дека цените варираат многу, па популарните дестинации во континенталниот дел на Грција, како што се областа околу Солун или Атина, може да бидат скапи, на исто ниво со помалку посетените острови, иако понудата е голема, а секогаш е можно да се најде поповолна варијанта. На пример, островот Тасос, кој со години е многу популарен меѓу Србите, нуди апартмани лоцирани на неколку минути од морето, по цена од околу 50 евра од ноќевање. Интересно е што во ударниот дел од сезоната цената за истите апартмани, кои се наоѓаат во близина на популарната рајска плажа таму, поскапува за 12 евра во јули и за 18 евра во август, што е подносливо.

За споредба, апартманите и студијата во Никити, Халкидики (Ситонија) имаат речиси идентични цени, во просек 45-50 евра за ноќевање. Како пример, ја земавме цената на стан или студио за четири лица (двајца возрасни, две деца), додека другите видови сместување се во просек поевтини за 5 евра (за две лица) или исто толку поскапи (за пет или повеќе луѓе). Покрај Егејското Море, многу туристи од нашата земја го претпочитаат Јонското Море и популарниот остров Лефкада. За нивна среќа, таму може да се најде и пристојно сместување од 40 евра.

Вљубениците во кампување како најевтина опција можат да најдат место во организираните кампови за 5 до 15 евра од ноќ. И сместувањето во хотел, во зависност од локацијата, има сличен ценовник - од 30 до 200 евра за ноќевање.


* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

Еврото падна на најниско ниво во последните две години во однос на доларот

Еврото падна на најниско ниво во последните две години во однос на доларот

ПРОСЕЧНАТА ПЛАТА ПОВТОРНО ПОРАСНА - во септември достигна 41.585 денари, еве кои сектори имаат најголем раст

ПРОСЕЧНАТА ПЛАТА ПОВТОРНО ПОРАСНА - во септември достигна 41.585 денари, еве кои сектори имаат најголем раст

ОБЕЗБЕДЕНИ 4 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА ЗЕЛЕНИ КРЕДИТИ ЗА ДОМАЌИНСТВАТА - силна поддршка од ЕБОР, ЕУ И ЈАПОНИЈА

ОБЕЗБЕДЕНИ 4 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА ЗЕЛЕНИ КРЕДИТИ ЗА ДОМАЌИНСТВАТА - силна поддршка од ЕБОР, ЕУ И ЈАПОНИЈА

РАСТ И КАЈ ДЕПОЗИТИТЕ И КАЈ КРЕДИТИТЕ - потрошувачките и станбените кредити најпримамливи, еве колку пораснале заштедите

РАСТ И КАЈ ДЕПОЗИТИТЕ И КАЈ КРЕДИТИТЕ - потрошувачките и станбените кредити најпримамливи, еве колку пораснале заштедите

СКИЈАЧИ, ЕВЕ КОЛКУ ЌЕ ВЕ ЧИНИ СКИЈАЊЕТО НА КОПАОНИК: „Скијалишта Србија“ ги објави деталните цени

СКИЈАЧИ, ЕВЕ КОЛКУ ЌЕ ВЕ ЧИНИ СКИЈАЊЕТО НА КОПАОНИК: „Скијалишта Србија“ ги објави деталните цени

БИТКОИНОТ СО НОВ РЕКОРД, РАСТАТ И БЕРЗИТЕ - и покрај тензиите во светот, инвеститорите не запираат

БИТКОИНОТ СО НОВ РЕКОРД, РАСТАТ И БЕРЗИТЕ - и покрај тензиите во светот, инвеститорите не запираат

Која е дамата што шопингот го замени со купување 100 акции во НЛБ Банка и плати 80.000 евра во еден ден?

Која е дамата што шопингот го замени со купување 100 акции во НЛБ Банка и плати 80.000 евра во еден ден?

КОМПАНИЈАТА ТОНЕ ВО ПРОБЛЕМИ, НО НЕ И НЕЈЗИНИОТ МЕНАЏЕР: Фолксваген не може да се пофали со бизнисот, но може со плата на еден вработен

КОМПАНИЈАТА ТОНЕ ВО ПРОБЛЕМИ, НО НЕ И НЕЈЗИНИОТ МЕНАЏЕР: Фолксваген не може да се пофали со бизнисот, но може со плата на еден вработен

МИНИМАЛНА ПЛАТА ОД 600 ЕВРА ВО ФЕДЕРАЦИЈАТА БиХ: Што ќе значи тоа во пракса за работниците?

МИНИМАЛНА ПЛАТА ОД 600 ЕВРА ВО ФЕДЕРАЦИЈАТА БиХ: Што ќе значи тоа во пракса за работниците?