05 Декември, 2025
0.0495

Центар го презема државното земјиште на своја територија

Објавено во: Македонија 30 Јануари, 2014 18:27

Добивај вести на Viber

Во трет обид, со 22 гласа „За“ советниците во општина Центар едногласно ја усвоија Предлог-Програмата за работа во областа на располагањето со градежно земјиште во сопственост на Македонија на подрачјето на Општина Центар-Скопје за 2014 година. Програмата и овозможува на општината да го побара во владение неизграденото градежно државно земјиште на нејзина територија. Овојпат одлуката ја поддржаа и советниците од ВМРО ДПМНЕ, кои претходно два пати гласаа против. Пред да се донесе одлуката, градоначалникот Жерновски и советниците од оваа партија отворија жестока дебата. „Од авион се виде намерата зошто не гласавте “За“. Тоа не беше заради некоја ситна грешка“, им порача градоначалникот на Центар на советниците од ВМРО ДПМНЕ, алудирајќи на пропаднатиот обид за продажба на атрактивна парцела во Центар по багателна цена од 71 денар за метар квадратен. Возврати советничката од ВМРО – ДПМНЕ Даниела Рангелова, според која причината зошто советниците од оваа партија претходно не ја поддржале програмата била во тоа што стручните служби на општината не ја подготвиле добро. До сега со државното земјиште во Центар стопанисува Владата, па затоа Министерството за транспорт и врски беше тоа што ја понуди на јавно наддавање парцелата кај Народната банка. Тендерот пропадна кога се откри дека дел од парцелата била во приватна сопственост, вратена со денационализација, а заради пропустот беше покрената дисциплинска постапка и кривична пријава против петмина вработени во Агенцијата за катастар за недвижности.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Горан Агелов-Ќосето е на слобода

Горан Агелов-Ќосето е на слобода

БОPЕНКА ја заокружува есенската сезона на 5 декември, Светски ден на волонтерите и Светски ден на почвите

БОPЕНКА ја заокружува есенската сезона на 5 декември, Светски ден на волонтерите и Светски ден на почвите

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија

„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“

„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“