15 Декември, 2025
0.0901

Централната банка на Русија го тужи Еуроклир: бара 194,8 милијарди евра отштета

Објавено во: Економија 15 Декември, 2025 10:51

Добивај вести на Viber

Руската централна банка поднесе тужба со која бара 18,2 трилиони рубљи, или 194,8 милијарди евра отштета од белгискиот централен депозитар за хартии од вредност Еуроклир, објави денес московскиот суд.

„На 12 декември 2025 година, Московскиот арбитражен суд прими тужба од Централната банка на Руската Федерација против Euroclear Bank SA/NV. Износот на тужбата е 18.172.971.903.836 рубљи“, соопшти прес-службата на судот, објави ТАСС.

Износот од 18.172.971.903.836 рубљи одговара на 194,8 милијарди евра.

Euroclear ги држи повеќето од средствата замрзнати од Европската Унија откако Русија започна воена акција во Украина, објави Ројтерс, додавајќи дека тужбата е одговор на плановите на ЕУ да ги користи замрзнатите средства за финансиска помош на Украина.

Агенцијата проценува дека се очекува московскиот суд да донесе брза пресуда во корист на централната банка, која потоа може да продолжи со нејзино спроведување во други јурисдикции.

На 12 декември, владите на ЕУ се согласија да ги замрзнат средствата на руската централна банка што се чуваат во Европа на неодредено време, отстранувајќи ја големата пречка за користење на готовината за да ѝ се помогне на Украина да се одбрани од Русија.

Централната банка истиот ден изјави дека плановите на ЕУ да ги користи нејзините средства се нелегални и дека го задржува правото да ги користи сите расположливи средства за да ги заштити своите интереси.


Можеби ќе ве интересира

Најголемиот германски производител на челик привремено го запира производството во две големи фабрики - 1.200 работни места во опасност

Најголемиот германски производител на челик привремено го запира производството во две големи фабрики - 1.200 работни места во опасност

Македонија најевтина во Европа според цените на храната

Македонија најевтина во Европа според цените на храната

НОВИ БИЗНИС ИНВЕСТИЦИИ: Познато е кој ќе ги гради најголемите складишта за електрична енергија?

НОВИ БИЗНИС ИНВЕСТИЦИИ: Познато е кој ќе ги гради најголемите складишта за електрична енергија?

„Визер“ со нова линија од аеродромот во Скопје - од сега ќе се патува и за Прага

„Визер“ со нова линија од аеродромот во Скопје - од сега ќе се патува и за Прага

Мицкоски: Мерките на Владата даваат резултати, зголемени бројки на туристи и ноќевања во првите 10 месеци

Мицкоски: Мерките на Владата даваат резултати, зголемени бројки на туристи и ноќевања во првите 10 месеци

Меѓународниот аеродром Скопје станува апослутен лидер во регионот по раст и по број на нови понудени места

Меѓународниот аеродром Скопје станува апослутен лидер во регионот по раст и по број на нови понудени места

КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември

КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември

МИЦКОСКИ СМИРУВА: Буџетот е ликвиден

МИЦКОСКИ СМИРУВА: Буџетот е ликвиден

Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година

Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година