Центри за откуп на билки и печурки ќе се отворат во Полог
Објавено во: Агробизнис
17 Мај, 2013 15:45
Добивај вести на Viber
Првите центри за откуп на билки и печурки ќе се отворат во Полог во соработка со Националниот парк Маврово и Општината Маврово и Ростуша.
Оваа сорабока е поддржана од страна на УСАИД преку проект чија цел е експанзијата на малите бизниси.
Денеска во во просториите на Јавната установа Национален парк Маврово беше потпишан Меморандум за разбирање чија цел е да ја формализира соработката меѓу потписниците на полето на собирање шумски производи од растително потекло, односно лековити билки и печурки, на територијата на националниот парк Маврово.
Меморандумот го потпишаа Карл Ларкинс, директорот на Проектот за експанзија на мали бизниси, Мукрем Мехмеди, градоначалник на Општина Маврово и Ростуша и Онер Јакупоски, директор на Националниот парк Маврово.
Истиот опфаќа отворање четири нови откупни центри на територијата на Националниот парк Маврово, набавка на потребната опрема за откупните центри и активности за промоција на собирањето други шумски производи како економска активност.
Соработката има за цел потикнување на локалниот економски развој преку организирање и регулирање на собирањето на други шумски производи, со што ќе се отворат можности за сезонска работа за локалното население и остварување на постабилни приходи.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина
ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина
Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?
Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?