25 Април, 2024
0.0272

Чанти, девизи, цигари,текстил- нова заплена на царинските служби

Објавено во: Мои пари 18 Февруари, 2013

Добивај вести на Viber

 Обиди за нелегално пренесување на девизи, шверц на цигари, пилешко месо, текстилни производи, женски чанти и фалсификати, беа спречени од страна на  македонските царински служби во текот на минатата недела.
Притоа, привремено се задржани 816 пара патики со лого на трговската марка Adidas, откриени при контрола на македонски камион, управуван од македонски државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Деве Баир. Сомнителната стока со потекло од Бугарија, била наменета за фирма увозник од Скопје. Вредноста на патиките, доколку би се продавале како оригинал на македонскиот пазар би достигнала до 2,5 милиони денари.
Цариниците заплениле и 3.600 килограми крем табли со изглед што наликува на производот Kinder Bueno на производителот FERRERO SPA, откриени при контрола на стока наменета за фирма увозник од Гостивар, пријавена за увозно царинење на царинската испостава Тетово. Пријавената вредност на производите е 5.880 евра, но доколку  би се продавале како оригинал, би достигнале вредност од 18 илјади евра.
При личен претрес на македонски државнин кој на аеродромот Александар Велики требало да одлета за Малме, Шведска, биле откриени 15.500 евра. При извршениот преглед, кај патникот биле пронајдени 17.500 евра, од кои согласно Законот за девизно работење, 2.000 евра му биле вратени а останатите 15.500 евра  биле задржани.
Царинските службеници откриле 10.000 евра при контрола на празен турски камион, управуван од турски државјанин, пријавен за излез од државата на граничниот премин Богородица. При преглед на кабината на возилото, во патна торба со лични работи на возачот, биле пронајдени 20.000 евра, кои според изјавата на возачот ги земал од фирма од Косово, каде претходно истоварил стока, а требало да ги предаде во фирмата испраќач во Турција. Согласно закон, на возачот му биле вратени 10.000 евра, а остатокот биле задржани.
Во големата заплена на царината се вбројуваат и 44 штеки LD цигари со македонски  контролни маркички, откриени при контрола на бугарски автомобил, управуван од бугарски државјанин, пријавен за излез од државата на граничниот премин Деве Баир. Непријавените цигари биле сокриени во задните врати и под инструмент таблата на возилото, како и 10 штеки WINSTON цигари со грчки контролни маркички, откриени при контрола на грчки автомобил, управуван од грчки државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Богородица. Непријавените цигари биле сокриени во фабричка празнина под задното седиште на возилото.
Вкупно 738 парчиња облека (детски здолништа, панталони, фармерки, јакни, фустани, кошули, долна облека и др.) и 15 женски ташни, со вкупна вредност од над 100 илјади денари, биле откриени од страна на мобилните царински тимови, при контрола на бугарски автомобил, управуван од македонски државјанин. Возилото било запрено од припадници на мобилна полиција пред влезот на Штип и откако било утврдено дека во него има стока од трговски карактер, било придружувано до царинската испостава Штип, каде мобилните царински тимови извршиле детална контрола. Стоката за која возачот не поседувал доказ за потекло и платени царински давачки, била пронајдена во багажниот простор и на задните седишта на возилото.
Запленети се и 80 женски чанти и 140 марами, откриени при контрола на македонски автомобил, управуван од македонски државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Богородица. Непријавената стока била пронајдена во неколку црни кеси, сместени помеѓу предните и задните седишта и во просторот за багаж на возилото.
Вкупно 50 килограми свежи пилешки батаци, откриени при контрола на македоснко товарно моторно возило-ладилник, управувано од македонски државјанин државјанин, пријавено за влез во државата на граничниот премин Делчево. Една кутија со 10 килограми пилешки батаци со карабатак била пронајдена во просторот за алат во  кабината на возилото, а уште 40 кг биле пронајдени во 2 кутии и 2 кеси, сместени во просторот за палети.
Покрај тоа, на царинска испостава Аеродром Скопје-отсек за стоково царинење е откриен и еден обид за избегнување плаќање на царински давачки, со користење на лажен доказ за потекло на стоката.
Во август 2012 година, фирма-увозник од Скопје пријавила за увозно царинење  лекови (dopamine, suxamethonium chloride, lidocaine inj, neostigmin  и phytomenadi-one) со потекло од Германија, а увезени од фирма од Франција, при што приложила изјава од одобрен извозник како доказ за европско потекло на стоката, со цел користење на преференцијален третман, врз основа што било одобрено увозно царинење со царинска стапка нула отсто.
Поради сомневање во веродостојноста на приложениот доказ за потекло, истиот е испратен за проверка до царинската служба на Франција, од каде бил добиен одговор дека увезените лекови не ги исполнуваат условите за стекнување на европско потекло, поради што не може да користи преференцијален  тарифен третман.
Врз основа на новоутврдена состојба, пресметани се дополнителни увозни давачки во износ од 72.712 денари

Можеби ќе ве интересира

Напред во дигиталната иднина со Македонски Телеком

Напред во дигиталната иднина со Македонски Телеком

WTCA заговара „мир по пат на трговија“ на Балканот и во светот на IX Delfi економски форум

WTCA заговара „мир по пат на трговија“ на Балканот и во светот на IX Delfi економски форум

Караванот на Државна изборна комисија во посета и на руралните средини и маргинализираните групи

Караванот на Државна изборна комисија во посета и на руралните средини и маргинализираните групи

Во понеделник ќе се одржи второто издание на “Freelance Conference”

Во понеделник ќе се одржи второто издание на “Freelance Conference”

Претставена најновата линија телевизори и soundbar-звучници на Samsung: Доаѓа новата ера на Samsung AI TV

Претставена најновата линија телевизори и soundbar-звучници на Samsung: Доаѓа новата ера на Samsung AI TV

Истражување: Зошто политиката на ЕУ по прашањето на намалување на бројот на пушачи не е доволно ефикасна

Истражување: Зошто политиката на ЕУ по прашањето на намалување на бројот на пушачи не е доволно ефикасна

Atlantic Grupa со силен раст на приходот од продажба и на профитабилноста

Atlantic Grupa со силен раст на приходот од продажба и на профитабилноста

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет