05 Декември, 2025
0.0280

Чаре за зголемените царини денес ќе се бара директно во Косово

Објавено во: Агробизнис 27 Јули, 2018 09:05

Добивај вести на Viber

Во Приштина денес ќе се оди по решение за косовските царини.

Министерот за економија Крешник Бектеши патува на средба со косовскиот колега Бајрам Хасани а според најавите ќе разговаараат за зголемените царини на овошјето и зеленчукот што Косово ги воведе на 18 јули годинава.

Бектеши кажа дека е убеден во заедничката цел на двете земји, а  тоа е олеснување на трговијата на Западен Балкан, согласно правилата на ЦЕФТА Договорот и принципите на слободна трговија.

Косовската Влада делумно ја повлече времената мерка, но со неа останаа опфатени доматите, пиперките, јаболката, крушите, сливите, малините и грозјето, на кои отпаѓа најголемиот дел од македонскиот извоз на косовскиот пазар.

Македонија, како што соопшти вчера Министерството за земјоделство, засега не планира воведување контра - мерки, но очекува Косово целосно да ги укине зголемените царини.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?