Чавков стравува дека СДСМ повторно ќе ги искористи партиските војници во СДСМ
Објавено во: Македонија 28 Октомври, 2016
Митко Чавков, директорот на Бирото за јавна безбедност, ја предупредува јавноста дека СДМС може повторно да ги активира партиските војници кои се во МВР и да ги искористи за можни изборни нерегуларности, поучен од лошото искуство кога тимови на Алфи беа подготвени со автоматско оружје да интервенираат при истрагата на СЈО во УБК.
„Не исклучувам незаконски ангажман на партиски војници кои се распоредени во единицата „Алфи“ и да посочам на опасноста и ризиците по функционирањето на македонската полиција преку околу 140 партиски војници кои се распоредени незаконски, од првиот до последниот. За среќа, сепак, тоа е мала бројка наспроти околу 9.000 професионалци и каква штета и да направат, сепак имаме изградено институционални и системски капацитети кои оваа мала група партиски војници не можат да ги доведат во прашање“ изјави Чавков за Република.
Митко Чавков вели дека за незаконскиот ангажман на Алфите ќе побара одговорност и вели дека професионалноста на МВР и поставената систематизација се гаранција дека не можат да направат трајни последици. Спасовски пак, тврдеше дека нема ништо спорно во тоа Алфите да носат службено оружје и тоа се стандардни процедури за нивни ангажман.