Чавушоглу вели дека НАТО и ЕУ не треба да кренат раце од Македонија
Објавено во: Македонија 04 Октомври, 2018 09:33
Tурскиот шеф на дипломатијата, Мевлут Чавушоглу вели дека НАТО и ЕУ не треба да се откажуваат од Македонија поради резултатите од референдумот.
Според него, тие треба да ја продолжат поддршката и соработката.
„Ние внимателно ги следевме случувањата. На крајот на краиштата ова е одлука на граѓаните на Македонија и ние тоа мора да го почитуваме. Од друга страна, ниту НАТО, ниту ЕУ не треба да се повлечат од поддршката и соработката со Македонија поради референдумот и резултатите од него. Впрочем, Македонија беше поканета да стане членка на НАТО на последниот Самит со едногласна одлука на сите сојузници“- вели тој.
Смета дека преговорите за членство во НАТО со Македонија мора да продолжат, а ЕУ мора да посвети поголемо внимание на Западен Балкан.
Турција, рече Чавушоглу, го поддржува напредокот, мирот и стабилноста на државите од Балканот, како и нивната интеграција во НАТО и ЕУ.
Tурското Министерство за надворешни работи вчера соопшти дека Турција ќе продолжи да го поддржува просперитетот и безбедноста на пријателска Македонија и нејзиното членство во ЕУ и НАТО.Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки




