„ЧЕБРЕН И ГАЛИШТЕ ОСТАНУВААТ НАДВОР ОД БУЏЕТСКИТЕ ПРИОРИТЕТИ“: Левица бараше посебна ставка за проектите кои со години се најавуваат
Објавено во: Македонија 08 Јули, 2025 13:26
Пратениците од владејачкото мнозиснтво повторно ја одбија иницијативата на Левица за издвојување буџетски средства за изградба на хидроелектраните Чебрен и Галиште, предложена преку амандман на пратеникот од Левица, Амар Мециновиќ.
Во своето обраќање на комисиската седница, Мециновиќ истакна дека премиерот пред извесно време изјавил дека „Македонија треба да стане извозник на енергенси“, но дека ваквата амбиција е далеку од реалноста, имајќи предвид дека земјата моментално е една од најзависните во регионот.
- Ние ја поддржуваме иницијативата Македонија да стане енергетски независна. Токму затоа го поднесовме овој амандман - за да поставиме јасни временски рамки и да ја обезбедиме основата за реализација на тие планови - рече Мециновиќ.
Тој предупреди дека стратегијата на Владата да ги финансира идните енергетски капацитети преку британски кредит е „опасна и може да ја втурне државата во должничко ропство. Дополнително, нагласи дека ако тие капацитети не останат во државна сопственост, ништо не сме постигнале, освен што сме ископале уште поголема дупка за самите себе.
- Ова не треба да биде проблем ниту за Министерството за финансии, ниту за владејачкото мнозинство. Ако навистина сакате да се гради, ајде да го внесеме проектот како ставка во Буџетот и да почнеме да се движиме во вистинска насока - повика пратеникот на Левица.
И покрај ова, мнозинството пратеници на ВМРО-ДПМНЕ, ВРЕДИ и ЗНАМ го одбија амандманот, со што проектот за Чебрен и Галиште остана надвор од буџетските приоритети за оваа година.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки




