Челичарниците во грч, власта смирува за квотите од ЕУ
Објавено во: Економија 25 Декември, 2018
Бизнисмените стравуваат, а вицепремиерот Кочо Анѓушев вели дека квотите за извоз нема да предизвикаат пад на македонската економија. Македонските челичарници сметаат дека поради ограничувањата дури можат да стават и клуч на врата. Сепак Анѓушев тврди дека македонските компании ќе можат да извезуваат челик по правилото, кое предвидува на просекот од последните три години да се додадат дополнително пет отсто.
„Не станува збор за намалување, туку за зголемување од пет проценти. Може нема да има спектакуларен раст, но нема да има ни пад во индустријата во однос на последните пет години, рече Анѓушев во гостувањето во емисијата Топ Тема.
Најпогодена компанија ќе биде Макстил. Од таму тврдат дека нема д аимаат каде да ги продаваат произведените количини.
Vицепремиерот Бујар Османи завчера рече дека од Брисел стасала формална нота според која од идната година за македонските компании кои произведуваат челик и алуминиум ќе важат новите мерки за ограничен извоз во ЕУ. Тоа, според сегашните проценки ќе не чини 100 милиони евра годишно.