28 Ноември, 2024
0.0289

Чешка бара ЕУ да ги ограничи субвенциите за обновлива енергија

Објавено во: Свет 21 Мај, 2013

Добивај вести на Viber

 Чешкиот премиер Петр Нечас најави дека на утрешниот самит на Европската унија ќе побара да се ограничат субвенциите за обновлива енергија наместо да се промовираат нови.

На европскиот самит на кој ќе се разговара за прашања од даночната политика и од областа на невработеноста и енергетскиот сектор, Нечас најави дека ќе побара ЕУ да не поставува „премногу амбициозни“ цели во борбата против климатските промени.

- Европа еднострано си поставува амбициозни цели, а целото намалување на емисиите на јаглерод диоксид во Европа за последните десет години, е надополнето за само две години од порастот на емисиите во Кина... Такви непотребни амбициозни цели можат да и наштетат на целата  европска економија, па дури може да доведе до губење на конкурентноста, рече Нечас по средбата со домашни енергетски компании.

Нечас на состанокот во Брисел, исто така, има намера да предупреди на проблемот со недостаток од инвестиции во нови електрични централи.

- Системот на обновливите извори на енергија со субвенционирани цени доведуваат до тоа денес да не постои класичен енергетски пазар и да се мисли дека не е вредно да се инвестира во нови (класични) извори, смета Нечас.

Тој предупредува, дека иако во моментов ова не се појавува како проблем, долгорочно, по затворањето на некои централи, можно е да се појави  недостиг на електрична енергија, што би ја загрозило европската индустрија и конкурентноста на целата Унија.

Нечас додаде дека обновливите извори на енергија не може да го покрија евентуалниот недостиг на струја, бидејќи без субвенции нивната работа е скапа.

Наспроти ова, Алијансата за автономна енергија (АлиЕС) го повика Нечас на Самитот да го поддржи „разумниот раст“ на обновливите извори.

Мартин Седлак од АлиЕС во отворено писмо до премиерот порача дека овој сектор може да ја намали зависноста на сите земји на ЕУ од увозот на нафта и гас и може да помогне во создавање на неколку милиони работни места во рамки на Унијата.

Нечас, исто така најави и дека ќе се залага за зачувување на правата на државите да изберат свој енергетскиот микс.

Тој ја истакна потребата да се задржи нуклеарната енергија како рамноправен извор на енергија и да се спречи нејзината дискриминација.

Чешка, исто така, во Брисел ќе се залага што е можно поскоро да се постигне единствен енергетски пазар на ЕУ и негова либерализација.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

МРТВИ ТЕЛА БРОИ ХЕЗБОЛАХ ПО ПРЕКИНОТ НА ОГНОТ: Израел ја срамни со земја организацијата и го уништи Либан

МРТВИ ТЕЛА БРОИ ХЕЗБОЛАХ ПО ПРЕКИНОТ НА ОГНОТ: Израел ја срамни со земја организацијата и го уништи Либан

45 ХИРОШИМИ, ТОЛКУ Е МОЌЕН ОРЕШНИК СО НУКЛЕАРНИ ГЛАВИ ОД 900 КИЛОТОНИ: „За 11 минути е во американската база“

45 ХИРОШИМИ, ТОЛКУ Е МОЌЕН ОРЕШНИК СО НУКЛЕАРНИ ГЛАВИ ОД 900 КИЛОТОНИ: „За 11 минути е во американската база“

ТРАМП СЕ ОДЛУЧИ – ВЕТЕРАНОТ ОД ВИЕНТАМ ЌЕ ИМА ЗАДАЧА ДА ЈА ЗАПРЕ ВОЈНАТА МЕЃУ РУСИЈА И УКРАИНА: Ова е планот на генералот Кит Келог

ТРАМП СЕ ОДЛУЧИ – ВЕТЕРАНОТ ОД ВИЕНТАМ ЌЕ ИМА ЗАДАЧА ДА ЈА ЗАПРЕ ВОЈНАТА МЕЃУ РУСИЈА И УКРАИНА: Ова е планот на генералот Кит Келог

УКРАИНА НЕ ПОПУШТА: Јермак откри под кои услови би преговарале со Русија

УКРАИНА НЕ ПОПУШТА: Јермак откри под кои услови би преговарале со Русија

(ВИДЕО) ЛУЃЕТО ПОЧНАА ДА СЕ ВРАЌААТ ДОМА: Либанците слават поради примирјето со Израел

(ВИДЕО) ЛУЃЕТО ПОЧНАА ДА СЕ ВРАЌААТ ДОМА: Либанците слават поради примирјето со Израел

ГО ПОФАЛИ ДЕКА ПОМОГНАЛ НА УКРАИНА: Украински пратеник го предложи Трамп за Нобелова награда за мир

ГО ПОФАЛИ ДЕКА ПОМОГНАЛ НА УКРАИНА: Украински пратеник го предложи Трамп за Нобелова награда за мир

ПУТИН ЈА ПОДГОТВУВА „КРАЛИЦАТА“: Моќниот „Сармат“ се става во оперативна готовност

ПУТИН ЈА ПОДГОТВУВА „КРАЛИЦАТА“: Моќниот „Сармат“ се става во оперативна готовност

ГЕРМАНИЈА СТАНУВА РИГОРОЗНА КОН АЗИЛАНТИТЕ: планира да депортира 16.000 мигранти во Хрватска, авионите веќе пристигнуваат

ГЕРМАНИЈА СТАНУВА РИГОРОЗНА КОН АЗИЛАНТИТЕ: планира да депортира 16.000 мигранти во Хрватска, авионите веќе пристигнуваат

БРИТАНИЈА ТАЈНО ДОСТАВИЛА РАКЕТИ НА КИЕВ: Колку „Сторм Шедоу“ имаат на располагање?

БРИТАНИЈА ТАЈНО ДОСТАВИЛА РАКЕТИ НА КИЕВ: Колку „Сторм Шедоу“ имаат на располагање?