14 Мај, 2024
0.0412

Чешка не го сака еврото

Објавено во: Свет 05 Јануари, 2014

Добивај вести на Viber

Чешката народна банка и Министерството за финансии препорачуваат - да не се одредува датум за воведување на еврото и во 2014 година земјата да не настојува да влезе во режимот за девизен курс ЕРМ-2, барем за сега.

Заедничката препорака, која произлегува од документот за исполнување на критериумите на Мастрихт била усвоена на владина седница.

Чешка со влезот во ЕУ се обврза да преземе чекори за што поскоро пристапување кон еврозоната. Поставувањето на датум за влез е во надлежност на земјите-членки и зависи од степенот на нивната подготвеност.

Според економските аналитичари, оваа одлука на чешките власти одговара на економската реалност и тековното расположение на граѓаните во однос на еврото. Заедничката европска валута, со оглед на проблемите во еврозоната, скептицизмот и недовербата на претходната Влада на Петр Нечас, не е омилена кај чешките граѓани.

Експертите сметаат дека земјата ќе биде подготвена за прифаќање на еврото најрано во 2019 или 2020 година.

Во однос на исполнување на формалните барања за усвојување на еврото (критериумите од Мастрихт), Чешка иако е блиску до остварување на истите, се уште не исполнува два од четирите услови. Земјата во моментов не го исполнува критериумот на стабилноста на цените и критериумот за конвергенција на каматните стапки, но се очекува тоа да го направи годинава.

Можеби ќе ве интересира

Бактериите отпорни на лекови можат да направат „Ковид-19 да изгледа ситно“

Бактериите отпорни на лекови можат да направат „Ковид-19 да изгледа ситно“

ВАКА ММФ ГО ГЛЕДА СВЕТОТ ДО 2026 ГОДИНА: Каде оди глобалната инфлација?

ВАКА ММФ ГО ГЛЕДА СВЕТОТ ДО 2026 ГОДИНА: Каде оди глобалната инфлација?

НОВИОТ ШЕФ НА КРИПТО ГИГАНТОТ ТЕТЕР СЕ ПОДГОТВУВА ЗА ГЛОБАЛНА АПОКАЛИПСА: Еве што се случува

НОВИОТ ШЕФ НА КРИПТО ГИГАНТОТ ТЕТЕР СЕ ПОДГОТВУВА ЗА ГЛОБАЛНА АПОКАЛИПСА: Еве што се случува

(ВИДЕО) ИМА УАПСЕНИ: Израелски демонстранти ja расфрлаа помошта за Палестинците

(ВИДЕО) ИМА УАПСЕНИ: Израелски демонстранти ja расфрлаа помошта за Палестинците

ДРЖАВА ВО САД СИ ГО СМЕНИ ЗНАМЕТО: Која е причината?

ДРЖАВА ВО САД СИ ГО СМЕНИ ЗНАМЕТО: Која е причината?

УКРАИНА УАПСИ РУСИ: Планирале серија терористички напади во Киев

УКРАИНА УАПСИ РУСИ: Планирале серија терористички напади во Киев

НОВИОТ РУСКИ МИНИСТЕР ЗА ОДБРАНА: Имаме хаос, војниците кои се враќаат ги праќаат во преполни болници

НОВИОТ РУСКИ МИНИСТЕР ЗА ОДБРАНА: Имаме хаос, војниците кои се враќаат ги праќаат во преполни болници

Украина призна тактички успех на Русија во регионот Харков

Украина призна тактички успех на Русија во регионот Харков

ГЕРМАНЦИТЕ НЕ ПЛАЌААТ ПРЕКУВРЕМЕНА РАБОТА: Сериозно го стегнаа ќесето, а сето тоа треба да го трпат вработените!

ГЕРМАНЦИТЕ НЕ ПЛАЌААТ ПРЕКУВРЕМЕНА РАБОТА: Сериозно го стегнаа ќесето, а сето тоа треба да го трпат вработените!