Честојнова: Владата префрлила само по 600 денари на сметките на лозарите
Објавено во: Агробизнис 29 Јуни, 2018
Министерот за земјоделие Љупчо Николовски и Владата на Зоран Заев повторно ги понижија земјоделците. Наместо обештетување, земјоделците добија срамни 600 денари на своите сметки, напиша во својот статус Павлинче Честојнова, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.
Министерот Љупчо Николовски и Владата не ги исполнија ниту своите минимални ветувања кои ги дадоа пред земјоделците. Земјоделците не ги добија ниту оние 10% за обештетување за измрзнатиот лозов насад за 2017 година со кои не можат да ги покријат ниту основните трошоци.
Скандалозно е што во текот на вчерашниот ден на сметките на земјоделците од Министерството за земоделије беа префрлени срамни од 600 до 900 денари по декар во зависност од степенот на измрзнување, кое во тиквешието беше од 80 до 100 проценти. Со ваквиот срамен потег министерот за земјоделие на најнизок начин ги навреди земјоделците“, пишува Честојнова
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.