Добивај вести на Viber
Никој не можеше да претпостави дека фудбалската репрезентација на Германија ќе ги „прегази“ Бразилците на домашен терен со 7:1. Тоа беше еден од најголемите порази што ги претрпела некогаш оваа фудбалска нација. Сепак, од овој пораз можат да се извлечат и некои деловни поуки, доколку ви се случи на пазарот да налетате на „Германци“, пишува
Бизлајф.
1. Нема индивидуалци во тимот
Многумина изненадувачки лошиот резултат на Бразил го припишаа на отсуството на двајца играчи - Нејмар и Тиаго Силва. Иако секогаш е добро да се имаат индивидуи на кои можете да сметате, товарот на работите мора колективно да го носат сите во една компанија. Секој вработен треба да биде талентиран за свовата работа и да функционира самостојно. Доколку ситуацијата не е таква, доволно е само еден од совршените работници да го напушти тимот и вашата работа веќе станува несигурна и нестабилна.
2. Не се потпирајте на стара слава
На сите им е јасно што значи Бразил во светот на фудбалот. На домашен терен не загубиле ниту еден натпревар од 1975 година... додека не налетаа на Германија. Слично зад вашата компанија можеби стои некој добар период од еден месец, шест месеци или дури одлична година. Но никогаш не го спуштајте својот „гард“. Во економското опкружување кое се менува со неверојатна брзина, не дозволувајте конкуренцијата да ве заслепи.
3. Не ја потценувајте конкуренцијата
Бразил не успеа да им застане на пат на нападите од Германија зад кои стои таканаречен
14-годишен план. Имено, по засрамувачкиот настап на Германија на Европскиот шампионат во 2000 година, Фудбалскиот сојуз на оваа земја донесе одлука да бара талентирани деца кои од старт ќе ги обучува за големите натпревари. Иако сте успешни во својата работа, посветете внимание на брендовите кои можат да ви станат конкуренција. Што би се случило ако Бразил го направеше тоа?
4. Не ги вознемирувајте регулаторите
Во фудбалот, како и во бизнисот, некогаш мора да играте валкано. Но, бидете внимателни да не отидете предалеку во таа игра. Тиаго Силва не заигра за Бразил во полуфиналето заради вториот жолт картон на претходниот натпревар, кој уследи откако од необјасниви причини го попречуваше колумбискиот голман да ја исфрли топката. Ако сакате уште поекстремен пример, имајте на ум што му се случи на Џордан Белфорт, вистинскиот „Волк од Волстрит“. Агентите на ФБИ на истрага за брокерската куќа „Стратон Оакмонт“ ги наведе претераното и бесрамно истакнување и претерување, по кое Белфорт беше обвинет за бројни финансиски малверзации.
Поразот на Бразил на домашен терен е многу повеќе од еден загубен натпревар. Сериозен удар на домашен терен со општествени и политички импликации. Научете нешто од нивните грешки.