Четири дена празници: Само до 10 часот над илјада луѓе ја напуштиле земјава на Табановце, утрово имаше и застој
Објавено во: Македонија 29 Април, 2021
Нема позначајни чекања за влез и излез од македонска страна на граничните премини на земјава, извести попладнево АМСМ. Сепак утрово забележана е поголема раздвиженост на автомобили за излез од земјава. Од утре па до вторник, следуваат четири неработни дена, во кои се празнува големиот христијански празник Велгиден и Празникот на трудот 1 мај.
Најмногу автомобили има за влез во соседна Србија. На граничниот премин Табановце само до 10 часот утрово од земјава излегле 1.068 патници. На истиот премин влез во Македонија оствариле 1090 патници. Утрово таму имаше и застој, односно поголемо чекање поради тоа што системот беше паднат. Сега тој проблем е отстранет.
Дел од граѓаните планирале да одат и во Бугарија, за каде сепак е потребен и ПЦР тест.
Фактор веќе пишуваше дека нема празна вила во Македонија за претстојните празници
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.