09 Мај, 2024
0.0265

Четири корисни и едноставни навики кои ќе ве направат побогати

Објавено во: Финансии 22 Август, 2017

Добивај вести на Viber

Буџетирањето е како диета-кога е многу строго, брзо паѓа во вода цел труд. За среќа има едноставни начини за надминување на предизвиците, поврзани со буџетната дисциплина. Дајте им пример и научете ги членовите на вашето семејство да ги следат овие навики и ќе им ја обезбедите финансиската стабилност. Еве неколку испитани навики.

1. Проверувајте ги расходите

Многу често слушаме дека луѓето немаат претстава колку пари трошат или каде ги трошат. Често имаат проблем да дадат точен одговор на прашањето каква е состојбата со нивните месечни расходи. Како можеме да очекуваме да донесеме разумни решенија за нашите трошења, кога не сме размислиле за самите навики на трошење? Пред се важно за да ги оптимизирате вашите трошоци е да ги запишувате некаде. На помош се добредојдени и сите апликации и белешки во компјутерски програми. Не заборавајте да го запишувате зекој потрошен денар, независно колку е мал трошокот.

2. Да заработувате повеќе или да трошите помалку?

Еден од сигурните начини да паднете во финансиски стрес е кога трошите повеќе отколку што заработувате. Некои од вас би одговориле, дека за да се реши тој проблем е неопходно просто да се заработат повеќе пари, отколку да се трошат. Тој механизам работи, но само привремено, зошто е претерано ризичен. Затоа пробајте ги сепак и двата начини за одреден период на време, за да прецените кој ви одговара повеќе.

3. Прво заштеди, потоа троши

Тоа е една од најуспешните навики за создавање на богатство. Штедењето на прво место значи одделување на дел од сите приходи веднаш штом се појават пред се останато. Десет проценти е добра сума, која треба да се тргне на страна веднаш по добивањето на платата да речеме. Направете го штедењето на прво место како навика-така да можете слободно да трошите она што ви останало. Придржувајте се до оваа навика од време на време и ќе видите дека сме во право.

4. Зборувајте за буџетот кој го има семејството на располагање

Лесно може да најдете многу примери за тоа кои трикови на штедење работат добро, а кои не. Еден од најдобрите начини за предавање на добри финансиски навики, на следното поколение е, ако редовно ги споменувате. Не е пресилно да се каже дека личното финансиско планирање се предава од генерација на генерација, но треба да почне од најрана детска возраст .

Кога ги учите вашите деца на основните финансиски принципи, ви им давате сила да ја земат во свои раце контролата над нивната финансиска состојба-вели познатиот експерт за финансии Роберт Киосаки. За воспитување на финансиска дисциплина е потребна реална средина. Важно е детето да има сопствени средства, со кои ќе располага. Само преку личниот допир тоа ќе научи да ги штеди, троши и заработува парите.

Можеби ќе ве интересира

ЌЕ РАСТАТ ПЛАТИТЕ НА ХРВАТСКИТЕ МИНИСТРИ - еве колкави се и во другите земји

ЌЕ РАСТАТ ПЛАТИТЕ НА ХРВАТСКИТЕ МИНИСТРИ - еве колкави се и во другите земји

СЕ ПОВЕЌЕ ЛУЃЕ ГИ КОРИСТАТ КАРТИЧКИТЕ И ЗА СТАВАЊЕ ПАРИ НА СМЕТКА – расте учеството на пластиката во секојдневните активности на граѓаните

СЕ ПОВЕЌЕ ЛУЃЕ ГИ КОРИСТАТ КАРТИЧКИТЕ И ЗА СТАВАЊЕ ПАРИ НА СМЕТКА – расте учеството на пластиката во секојдневните активности на граѓаните

ЗА ЕДНА ГОДИНА СЕ ДУПЛИРАЛ БРОЈОТ НА МИЛИЈАРДЕРИ ВО СВЕТОТ НА КРИПТОВАЛУТИТЕ: Најбогатите одат во затвор

ЗА ЕДНА ГОДИНА СЕ ДУПЛИРАЛ БРОЈОТ НА МИЛИЈАРДЕРИ ВО СВЕТОТ НА КРИПТОВАЛУТИТЕ: Најбогатите одат во затвор

КАКО ПРОПАДНА БОИНГ! Градеа репутација со децении, а потоа им дојде овој авион! Кошмарот продолжува, загуби во милијарди

КАКО ПРОПАДНА БОИНГ! Градеа репутација со децении, а потоа им дојде овој авион! Кошмарот продолжува, загуби во милијарди

БАНКРОТИРАШЕ ПОЗНАТА БАНКА! СУДБИНАТА НА МНОГУ КЛИЕНТИ ВИСИ НА КОНЕЦ - еве што можат да очекуваат после колапсот

БАНКРОТИРАШЕ ПОЗНАТА БАНКА! СУДБИНАТА НА МНОГУ КЛИЕНТИ ВИСИ НА КОНЕЦ - еве што можат да очекуваат после колапсот

ОВИЕ РАСТЕНИЈА МОЖАТ ДА ДОНЕСАТ ВИСТИНСКО БОГАТСТВО: Годишно може да се заработат 40.000 евра, само еден грам зачин чини 40 евра

ОВИЕ РАСТЕНИЈА МОЖАТ ДА ДОНЕСАТ ВИСТИНСКО БОГАТСТВО: Годишно може да се заработат 40.000 евра, само еден грам зачин чини 40 евра

„МИНАТА ГОДИНА БЕШЕ 15, А СЕГА 350 ЕВРА, ОВА Е СРАМ ЗА ХРВАТСКА“ Превирања во популарното туристичко место поради огромниот скок на цените

„МИНАТА ГОДИНА БЕШЕ 15, А СЕГА 350 ЕВРА, ОВА Е СРАМ ЗА ХРВАТСКА“ Превирања во популарното туристичко место поради огромниот скок на цените

АКО ЛЕТОВО ОДИТЕ ВО ЦРНА ГОРА, БИДЕТЕ ВНИМАТЕЛНИ, ЌЕ ЛЕТААТ КАЗНИ ДО ИЛЈАДА ЕВРА: Еве зошто властите одлучија да ги казнуваат туристите

АКО ЛЕТОВО ОДИТЕ ВО ЦРНА ГОРА, БИДЕТЕ ВНИМАТЕЛНИ, ЌЕ ЛЕТААТ КАЗНИ ДО ИЛЈАДА ЕВРА: Еве зошто властите одлучија да ги казнуваат туристите

АКО ВО СРБИЈА ВИ СЕ ОТВОРИ ШАНСА ДА РАБОТИТЕ НА ОВИЕ МЕСТА, ЌЕ ДОБИЕТЕ „МРСНА“ ПЛАТА: Некои професии се плаќаат и 300 илјади денари

АКО ВО СРБИЈА ВИ СЕ ОТВОРИ ШАНСА ДА РАБОТИТЕ НА ОВИЕ МЕСТА, ЌЕ ДОБИЕТЕ „МРСНА“ ПЛАТА: Некои професии се плаќаат и 300 илјади денари