Четири лица повредени во сообраќајка на патот Подмољје-Струга
Објавено во: Македонија 16 Март, 2017 11:54
Четири лица се повредени во сообраќајната несреќа што се случила синоќа во 18 часот и 15 минути на магистралниот пат Подмољје-Струга.
Во незгодата учествувале трактор со струшки регистарски ознаки, управувано од Г.К. (43) од струшкото село Мороишта, патнички автомобил марка „мерцедес“ со струшки регистарски ознаки управуван од С.Д. (52) од Радолишта, патнички автомобил марка „Форд Фокус“ со охридски регистарски ознаки управувано од Н.С. (39) од Охрид, во кој како сопатници биле О.С. (35) и малолетното лице.
Сообраќајната незгода се случила поради целосна неосветленост на тракторот и приколката полна со земја, односно негово управување по магистралниот пат од Подмољје кон Струга без запалени сигнални светла.
Во критичниот момент, во задниот лев дел од приколката удрил автомобилот „мерцедес“ кој се движел во истата насока. Ова возило, од силината на ударот се занесло кон спротивната коловозна лента и со задниот лев дел удрило во предниот дел од автомобилот „Форд Фокус“ кое, по магистралниот пат се движело во правец од Струга кон Подмољје.
Повредените Н.С., О.С. и едно малолетно лице, со амбулантно возило се префрлени во Општата болница во Струга, каде по укажаната лекарска помош се пуштени на домашно лекување. Во болницата, на понатамошно лекување задржан е С.Д. од Радолишта.
По овластување на Јавен обвинител, на местото на сообраќајната незгода, увид извршија полициски екипи од полициската станица за безбедност во сообраќајот од Струга. Притоа, полициски службеник вршеше физичко регулирање и пренасочување на возилата по регионалниот пат поради што немаше застој во сообраќајот.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки




