ЧЕТИРИ МОЖНИ СЦЕНАРИЈА ЗА ГРУЗИЈА: Што може да се случи до крајот на декември?
Објавено во: Свет 04 Декември, 2024
Грузија повторно е на крстопат откако избија протести низ целата земја кога владејачката партија Грузиски сон објави дека ги прекинува преговорите за пристап во ЕУ до 2028 година. Постојат четири можни сценарија во оваа ситуација, објавува РСЕ.
Првото се однесува на отстапување на Владата. Ако Притисокот на јавноста се зголеми и Владата поднесе оставка, би можело да се распишат предвремени избори. Опозициските партии велат дека предвремените избори мора да се одржат под новаа изборна управна, без влијаните од страна на Владата. Поради новите избори, партијата Грузиски сон би можела да ги изгуби изборите и да доведе до продолжување на преговорите за пристапување на Европската Унија.
Второто сценарио се однесува на претседателката на Грузија. Саломе Зурабишвили би требало да ја напушти функцијата до крајот на годинава. Се очекува да ја наследи поранешниот фудбалер и приврзаник на Грузискиот сон. Но, претседателката веќе даде на знаење дека нема да отстапи од должноста, бидејќи новиот парламент го смета за нелегитимен. Владата и се заканува со затвор ако не отстапи, но тоа би можело да предизвика уште помасовни протести.
Третото сценарио се однесува на Владата. Протестите исто така би можеле да ескалираат доколку Владата одбие да отстапи. Интервентната полиција ги разби протестите со тепање, со водени топови, солзавец и апсења. Демонстраните пак, одговорија со фрлање петарди, а сето тоа ја продлабочува политичката криза и се пожестоки судири.
Четврто сценарио – Меѓународната заедница воведува санкции на Тбилиси. Опозицијата ги повикува западните партнери да ги санкционираат членовите на Грузискиот сон. САД воведоа визни ограничувања за некои членови на партијата. Европската Унијаја намали финасиската помош за Владата, но Унгарија и Словачка би можеле да го блокираат санкионирањето на лченовите на партијата Грузиски сон. Значи уште еднаш, сонот на Грузија за Европската Унија е доведен во прашање.
фото: EPA-EFE/DAVID MDZINARISHVILI* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.