ШОЛЦ ЗА УКРАИНСКИТЕ БЕГАЛЦИ: Да најдат работа или да се вратат дома
Објавено во: Свет 04 Декември, 2024
Украинските бегалци да најдат работа или да се вратат дома, вели германскиот канцелар, Олаф Шолц.
Тој денеска изјави дека невработените украински бегалци мора да бидат охрабрени да се вработат или да се вратат во својата матична земја, јави ДПА.
„Премногу од нив се тука толку долго, и, како да кажам, сега треба да започнат да работат“, рече Шолц пред пратениците во Бундестагот, Долниот дом на германскиот Парламент.
Германија мора да обезбеди услови што е можно повеќе Украинци и другите бегалци да бараат работа откако ќе го научат германскиот јазик и другите мерки за интеграција.
Два дена по неговата посета на Киев, Шолц објасни дека „долго“ разговарал со украинскиот претседател Володимир Зеленски за ова прашање.
Шолц објави дека Зеленски има за цел да „помогне да се постават украински авторитети во Германија и Полска за поддршка на Украинците“, тие или да најдат работа или да се вратат дома.
Властите во Киев го преименуваа Министерството за реинтеграција – кое е одговорно за помагање на Украинците кои се враќаат – во министерство за национално единство.
Повеќе од еден милион, главно жени со деца, се во Германија, но само над 260.000 украински бегалци имаат работа, наведува ДПА. Руската инвазија на Украина почна на 24 февруари 2022 година.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.