УКРАИНЦИТЕ ГАЃАА БАЗА ВО РУСИЈА: Tаму имало стратешки бомбардери и авиони за полнење гориво
Објавено во: Свет 04 Декември, 2024
Украинците гаѓаа база на 200 километри од Москва.
Украински дронови го нападнале градот Рјазан на 500 километри од границата на фронтот во Курск. Мета била воздухопловна база каде имало стратешки бомбардери и авиони за полнење гориво.
„Силите за противвоздушна одбрана на Министерството за одбрана соборија три беспилотни летала над регионот Рјазан“, изјави Павел Малков гувернерот на регионот Рјазан.
Украинците пробале да го погодат и пристаништето Новоросијск, каде се стационирани ракетни носачи.
„Украина е сè поблиску до НАТО, но не е време за официјална покана“, изјави словенечката министерка за надворешни работи Тања Фајон по дводневниот состанок на министрите за надворешни работи на НАТО.
Руската инвазија на Украина почна на 24 февруари 2022 година.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.