05 Декември, 2025
0.0293

Четири работи за раѓањето на најголемиот агро-бизнис

Објавено во: Агробизнис 24 Мај, 2016 13:31

Добивај вести на Viber

Германците не се љубители на ГМО храната, а токму германска компанија дала понуда за купување на најголемиот произведувач на ГМО семиња, американскатаМонсанта.

Доколку дојде до ова спојување ќе се роди најголемиот произведувач на семиња, пестициди и генетски модифицирани култури.

Ова се четирите работи кои би требало да ги знаете за ова мега-спојување:

1. Успешното спојување ќе го создаде најголемиот агробизнис на светот, бидејќи овие две компании имаат заедничка пазарна вредност од 132 милијарди долари. Бајер овој потег го гледа како „комплетна и апсолутна шанса да се создаде глобален лидер во земјоделството“. Меѓутоа, еден мнозински акционер го осуди овој потег нарекувајќи го „арогантно градење на империја“.

2. Акциите на Бајер паднаа за 14 одсто, после понудата која е објавена минатата недела, а во понеделникот паднаа за уште 3,6 одсто. Тоа доведе до најниско ниво на вредноста на акциите на Бајер во последните 30 мецеси.

3. Зошто Бајер се соочи со овој пад? Бајер е компанија со „две глави“: Ја сочинуваат пестициди и хербициди, но ја набљудуваат и како фармацевтска компанија која го исмислила аспиринот. Дојче веле ги пренесува наводите на Дојче банка дека спојувањето би значело дека околу 55 одсто од „основната заработка“ на компанијата доаѓа од земјоделие.

4. Од друга страна се отвора и прашањето како Бајер би финансирал ваков договор: со долг или капитал. „Ние значајно ќе го зголемиме нашиот долг на наша сметка“, рекол директорот на Бајер со објаснување дека силните парични трошкови може да доведат до брзо намалување на долгот. Еден аналитичар го проценува нивото на долг на околу 45 милијарди долари, според пишувањето на Волстри Џурнал кој пренесува и дека минатогодишниот долг на оваа комапнија изнесувал 20 милијарди долари.

Имено, германскиот фармацевтски гигант Бајер понуди 62 милијарди долари за преземање на американскиот произведувач на ГМО семиња Монсанта.

Од оваа компанија додаваат дека очекуваат дека сигнеријата на спојување ќе резултира со годишен раст со добивка од околу 1,5 милијарди долари после три години.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?