Четири скопски фирми на тендерот на МВР за набавка на сто возила
Објавено во: Мои пари 05 Јуни, 2013 12:46
На објавениот тенедер на МВР за набавка на 100 моторни возила во полициска изведба, пристигнале четири понуди кои комисијата задолжена за јавната набавка ги отвори денеска, на последниот ден на рокот.
Четирите фирми се од Скопје - „Автонова“ понудила возило „ситроен Ц1Икс“, „Еуроимпекс“ со понуда на возило марка „пежо 107 акцес“, „Порше Македонија“ со „шкода сити гоу“ и „Автомакедонија“ со возило „шевролет спарк“. Првичната понудена вкупна цена на возилата се движи од 47 милиони денари до 65 милиони и 800.000 денари.
- По отворањето на понудите, Министерството за внатрешни работи ќе отпочне со евалуација на пристигнатите понуди и ќе се работи на утврдување дали тие ги задоволуваат сите претходни услови пропишани со јавната набавка. Компаниите што ги задоволуваат тие услови ќе бидат известени за терминот за одржување на електронската аукција, на која ќе се наддаваат. Основен услов за добивање на тендерот ќе биде најниската понудена цена на јавната аукција, изјави портпаролот на МВР Иво Котески.
Тој појасни дека првично понудените цени не се однесуваат само на цената на возилото, туку и на останатите елементи кои Министерството ги предвиде со тендерот, како четири резервни гуми, полициска изведба со звучна и светлосна сигнализација, гарантен период, односно сервис во рок од три години додека трае договорот и додека целосно не бидат исплатени возилата.
Минатата година МВР по пат на јавен тендер набави 150 возила „шкода јети“. Возилата за кои сега е објавен тендер не беа набавени тогаш зашто, рече Котески, се работи за различна спецификација и зашто согласно со потребите што ги имало МВР, со тогашниот тендер биле набавувани возила со погон на сите четири тркала.
На новинарско прашање во врска со проблемот што настана на минатиот тендер за набавка на возила, кој беше прекинуван, Котески одговори дека недоразбирањата се надминати и дека возилата веќе му се испорачани на МВР и се во употреба. - Се уште се работи на расчистување на случајот, одговори Котески на прашањето дали е откриено кој го хакирал системот, како што обвинија дел од учесниците на тогашниот тендер.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Пакомак најави отворање на нов погон за секундарно селектирање на отпадот, каков што нема никаде на Балканот
Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“
Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“
ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ
Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?
Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели
Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни
АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј





