ЧЕТИРИ ЗГРАДИ ВО КАРАНТИН: Еден случај на британскиот сој активираше 100 полицајци
Објавено во: Свет, Корона Вирус 16 Февруари, 2021
Сто полицајци чуваат 4 згради во Германија откако се појави еден случај на заразен со британскиот сој на коронавирусот.
Еден случај доведе до голема полициска акција во Хам, западна Германија. Во градот со 180.000 жители се распоредени 100 полицајци. Вработен на градежно земјиште имал позитивен тест на британскиот сој, кој се покажа дека побрзо се шири. Четири станбени објекти се ставени во карантин и се тестираат сите жители. Полицијата е таму за да обезбедува дали ќе се почитуваат мерките за карантин. Британскиот сој на ковид-19, попознат како Б117, е еден од трите соеви кои беа регистрирани од Германската агенција за заразни болести, Институтот „Роберт Кох“. Сојот Б117 е присутен во 13 од 16 германски сојузни покраини. Се очекува бројот да расте. Во светот има повеќе мутации, а британскиот сој го има во над 70 земји.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.