Четврта сезона на dm еко-проектот „Пошумуваме заедно за позелено утре“: Пријавете се и бидете дел од најмасовната акција за пошумување досега!
Објавено во: Мои пари 27 Октомври, 2025 11:08
Компанијата dm дрогерие маркт со гордост го најавува четвртото продолжение на еко-проектот „Пошумуваме заедно за позелено утре“–најмасовната акција за пошумување досега!На 23 ноември 2025, dm заедно со партнерите Македонско Еколошко Друштво (МЕД) и ЈП Национални шуми ве покануваат да се приклучите на масовното пошумување во с. Калапетровци во околината на Штип.
https://www.instagram.com/p/DQMBhHUjiaJ/?hl=en
Овој традиционален еколошки проект, кој dm го започна во 2022 година, до денес вроди дури 100.000 засадени дрвја на повеќе локации низ нашата земја – во Велес, во близина на езерото Младост, во околината на скопско Миладиновци и во близина на опсерваторијата Кокино.
Оваа година во с. Калапетровци во околината на Штип, целта е доста амбициозна – ќе се засадат дури 50.000 нови стебла, а вкупниот број од почетокот на проектот ќе достигне импресивни 150.000 засадени дрвја! Со оваа акција, ќе се направи уште еден голем чекор кон позелено утре за сите нас.
Компанијата dm обезбедува организиран превоз, опрема за садење, и освежителна закуска за сите учесници. Придружете се на масовното пошумување со пополнување на оваа пријава. Пријавувањето трае до 20 ноември, односно додека не се пополнат обезбедените места.
Главниот мотив за започнување на проектот „Пошумуваме заедно за позелено утре” лежи во стратешката определба на dm, која постои уште од самото основање на компанијата придонесувајќиконсоздавањенапоздраваживотнасрединазаситенасизаиднитегенерации преку зачувување и обновување на шумите, кои се главен извор на кислород и симбол на животот.
Пошумуваме заедно – придружете се и станете дел од промената за позелено утре!
ПР објава* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Пакомак најави отворање на нов погон за секундарно селектирање на отпадот, каков што нема никаде на Балканот
Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“
Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“
ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ
Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?
Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели
Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни
АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј





