14 Декември, 2025
0.0331

Чифлиганец предложен за член на Надзорниот одбор на Комерцијална банка АД Скопје

Објавено во: Економија 14 Мај, 2018 09:18

Добивај вести на Viber

Ванчо Чифлиганец и Фатмир Етеми се предложени  за членови на  Надзорниот одбор на Комерцијална банка АД Скопје соопштија од банката преку Македонска берза.

„Мандатот на членовите на Надзорниот одбор од член 1 на оваа одлука трае до истекот на мандатот на членовите на Надзорниот одбор именувани со Одлуките за именување членови на Надзорниот одбор на Комерцијална банка АД Скопје бр.02-1600-11/1 и бр.02-1600-12/1, донесени од Собранието на акционери на Банката, на седницата одржана на 23.03.2016 година, а на членовите на Надзорниот одбор им припаѓа надомест за учество и работа на седниците во висина од 21.000 денари“, пишува меѓудругото во одлуката.

Фактор утрово објави дека „Адора Инженеринг“ се вгради во акционерската структура на „Комерцијална банка“ и стана најголем поединечен акционер.

Колку пари вложи „Адора“ во акции на „Комерцијална банка“?

Во средата , на денот на победата над фашизмот „Адора“ плати 3,55 милиони евра за акции и стана најголем поединечен акционер на една од двете најголеми банки во земјава.

Кои се мотивите на „Адора“???

Факт е дека „Адора“ во средата со оваа финаниска операција затвори 3,55 милиони евра во акции во „Комерцијална банка“. Тоа значи дека на оваа градежна компанија не и се неопходни тие пари за своите деловни активности од областа на градежништвото односно сегментот на колективно домување каде „Адора“ е многу присутна и успешна. „Фактор“ во интерес на целосно и објективно информирање на јавноста побара од „Адора“ да ги изложи мотивите за купување акции и да каже од кои извори се обезбедени средства со кои се платени акциите во „Комерцијална банка“. Ако ги добиеме одговорите од „Адора“ ќе ги објавиме во целост.

Само да потсетиме дека „Адора Инженеринг“ и пред неполни два месеци купи акции во „Комерцијална банка“. Трансакцијата се случи на 21 март годинава кога беа продадени 298.003 акции со право на глас во „Комерцијална банка“. Тогаш беше објавена листа на четири купувачи на акциите и меѓу нив беше и „Адора Инженеринг“. Количеството акции што го купи тогаш „Адора“ не го знаеме, но сигурно се работи за најмалку 4 отсто од основната главнина затоа што четири компании меѓусебе поделија 13 отсто од главницата, а притоа секоја една од нив купи помалку од 5 отсто од основната главница. Цената по која ги плати акциите е 3.750 денари за акција. 


Можеби ќе ве интересира

КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември

КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември

МИЦКОСКИ СМИРУВА: Буџетот е ликвиден

МИЦКОСКИ СМИРУВА: Буџетот е ликвиден

Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година

Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година

Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите

Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите

Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети

Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети

Кока-Кола добива нов извршен директор: Енрике Браун ќе ја преземе функцијата во март

Кока-Кола добива нов извршен директор: Енрике Браун ќе ја преземе функцијата во март

Индустријата и потрошувачите можат да здивнат: ЕУ се согласи да ја укине забраната за бензин и дизел автомобили до 2035 година

Индустријата и потрошувачите можат да здивнат: ЕУ се согласи да ја укине забраната за бензин и дизел автомобили до 2035 година

СЕ ЗГОЛЕМУВА ЦЕНАТА НА БЕНЗИНОТ: Оваа земја прв пат по 2019 година ја качува цената на горивото

СЕ ЗГОЛЕМУВА ЦЕНАТА НА БЕНЗИНОТ: Оваа земја прв пат по 2019 година ја качува цената на горивото

ТАЈНО КУПУВААТ РУСКА НАФТА, А НАС НЕ КРИТИКУВААТ: Сијарто со обвинувања до западноевропските земји

ТАЈНО КУПУВААТ РУСКА НАФТА, А НАС НЕ КРИТИКУВААТ: Сијарто со обвинувања до западноевропските земји