20 Јануари, 2025
0.0293

ЧИПС СО ВКУС НА ПИПЕРКА СЕ ПОВЛЕКУВА ОД ПРОДАЖБА ВО ХРВАТСКА, има зголемено присуство на канцерогена состојка

Објавено во: Балкан 11 Јануари, 2023

Добивај вести на Viber

Поради зголеменото количество на акриламид  од полиците во Хрватска се повлекуваа производот Аро чипс од 300 грама со вкус на пиперка.

Станува збор за производ кој има рок за конзумирање до 30 април 2023 година, се повлекува поради зголемено количество акриламид, извести во вторник Државниот инспекторат на Република Хрватска, пренесува „Б92“.

- Производител на чипови е Kanaan d.o.o. од Доњи Михољец, а во промет го пушта METTRO CASH & CARRY d.o.o. од Загреб. Чиповите се LOT број 5745 и EAN код: 3856024703703 - се наведува во соопштението од хравтскиот инспекторат.

Од таму додаваат дека производот не е во согласност со Регулативата (ЕЗ) бр. 178/2002 за воспоставување на општите принципи и барања на законот за храна, формирање на Европската агенција за безбедност на храна и воспоставување процедури во областите на безбедноста на храната и Регулатива на Комисијата (ЕУ) 2017/2158 за воспоставување мерки за ублажување на ефектите и нивоата референтни вредности за да се намали присуството на акриламид во добиточната храна.

Што е акриламид?

Акриламидот е соединение кое се наоѓа и во храната, не во свежата храна, туку може да се формира само при преработка на храна на температури над 120 Целзиусови степени и при ниска влажност. Тоа значи пржење, печење во масло или стандардна рерна. При подготвувањето храна во микробранова печка имаат помали шанси да се појави акриламид. Подолго време и повисока температура ја зголемуваат количината на формираниот акриламид.

Во 2002 година, во Шведска, ова соединение беше подетално истражено и откриено во одредени намирници, а откритијата го привлекоа вниманието на јавноста. Особено загрижувачки се студиите кои го поврзуваат акриламидот со појавата на некои форми на рак. Во телото, акриламидот се претвора во глицидамид, кој предизвикува мутации и ја оштетува ДНК.

Акриламидот е производ на термичка обработка на храната и факт е дека треба да се намали. Се создава и во домаќинствата при пржење и печење храна, а го има во многу индустриски производи, вклучувајќи го и чадот од тутунот. Се препорачува да се намали неговиот внес.

Акриламидот во храната е грижа за јавното здравје, соопшти Европската управа за безбедност на храната (ЕФСА) уште во 2015 година, врз основа на резултатите од студиите врз животни, предупредувајќи дека акриламидот во храната потенцијално го зголемува ризикот од развој на рак кај луѓето од сите возрасни групи.

На 11 април 2018 година стапи на сила регулативата која го ограничува акриламидот во храната во ЕУ.

Можеби ќе ве интересира

НЕВИДЕНА ТРАГЕДИЈА: Осуммина загинаа, 13 се повредени во пожар во старски дом во Белград

НЕВИДЕНА ТРАГЕДИЈА: Осуммина загинаа, 13 се повредени во пожар во старски дом во Белград

„ЗБОГУМ КАНАДА, ОДАМ ВО ПАНАМА“: Исповед на Балканец - „Ние не сме Канаѓани“

„ЗБОГУМ КАНАДА, ОДАМ ВО ПАНАМА“: Исповед на Балканец - „Ние не сме Канаѓани“

САРАЕВО ВО 10-ТЕ НАЈЗАГАДЕНИ ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ: На која позиција е Скопје вечерва?

САРАЕВО ВО 10-ТЕ НАЈЗАГАДЕНИ ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ: На која позиција е Скопје вечерва?

(ВИДЕО) БЛОКАДИ ВО НОВИ САД: Постар маж извади нож за да нападне студент

(ВИДЕО) БЛОКАДИ ВО НОВИ САД: Постар маж извади нож за да нападне студент

ПАТУВАЊЕ БЕЗ ВИЗИ: Колку е моќен бугарскиот пасош?

ПАТУВАЊЕ БЕЗ ВИЗИ: Колку е моќен бугарскиот пасош?

ДОДИК: Ако Америка може да ги земе Гренланд и Канада, Република Српска може да се обедини со Србија

ДОДИК: Ако Америка може да ги земе Гренланд и Канада, Република Српска може да се обедини со Србија

СРБИЈА: Полицијата го фатила 37-годишниот возач oд Македонија додека се движел со брзина повеќе од 100 километри над дозволеното

СРБИЈА: Полицијата го фатила 37-годишниот возач oд Македонија додека се движел со брзина повеќе од 100 километри над дозволеното

ТОА ЌЕ БИДЕ КРУНА НА ГЛАВНИОТ ГРАД: Еве како ќе изгледа луксузниот комплекс на американскиот претседател во Белград

ТОА ЌЕ БИДЕ КРУНА НА ГЛАВНИОТ ГРАД: Еве како ќе изгледа луксузниот комплекс на американскиот претседател во Белград

КОС ЈА ОХРАБРИ ЦРНА ГОРА: Кога ќе влезат во ЕУ?

КОС ЈА ОХРАБРИ ЦРНА ГОРА: Кога ќе влезат во ЕУ?