17 Јануари, 2025
0.4169

Читателите на Фактор за модерен ГТЦ, раководството останува на барокот!

Објавено во: Македонија 09 Јули, 2014

Добивај вести на Viber

Градскиот трговски центар во Скопје треба да се реконструира но да го задржи сегашниот архитектонски изглед, вака се изјаснија над 82 отсто од читателите на анкетата што ја спроведе порталот Фактор меѓу своите читатели. Само 18 отсто од читателите сметаат дека ГТЦ треба да се реконструира и да добие целосно нов лик во барокен стил. Според дел од архитектите ваквиот став на читателите е очекуван. -Анкетата ми делува логична и очекувана. Не знам зошто некој би посакал да слуша градежна механизација во наредните 24 месеци! За изгледот на „новиот ГТЦ“ воопшто и не мислам ништо. Во периодот на 2006 година администрацијата на ГТЦ распиша меѓународен архитектонски конкурс (кој беше логично распишан) и на кој беа пријавени 20-25 труда, а голем дел од нив беа со квалитетни решенија. Имаше однапред објавена комисија (онака како што се прави во целиот свет) составена од релевентни архитекти. Истата додели три награди, ми се чини и две специјални признанија. Мислам дека тие решенија се можеби најрелевантниот одговор  на тоа како треба да изгледа Градскиот Трговски Центар, а патем да не биде нарушена неговата основна функција. За жал нарачателите на ова „ново“ архитектонско решение не го разбираат квалитетот на оваа зграда. А тоа е жално, вели за Фактор архитектот Дејан Ивановски. Од Асоцијацијата на архитекти на Македонија велат дека анкетата покажува дека граѓаните знаат да препознаат вистински вредности. -Искрено не бев убедена дека со толку убедлива разлика граѓаните ќе го сакаат вистинскиот ГТЦ. Нели се вели секој народ има власт каква заслужува. Но ме радува фактот што предноста за зачувување на автентичноста на ГТЦ е убедлива. И покрај сите обиди преку злоуптреба на архитектурата и историските стилови искористени на несоодветен начин, како купени од кинески супермнаркет, се прави обид за некој нов идентитет и поистоветување со лажни, туѓи вредности. Но граѓаните покажаа дека ГТЦ е објектот во кој се препознаваат и тие и градот. ГТЦ е идентитетот на Скопје. Браво за самосвеста на граѓаните и умешноста да се препознаат вистински вредности.Нарачување на архитектонски стилови на метро, немање талент за монументалност и пропорција конечно почна да боде очи, вели за Фактор претседателката на ААМ, Сања Раѓеновиќ Јовановиќ. Раководството на ГТЦ останува на ставот дека нема да има промени во идејното решение, со кое е предвидено реконструкција на внатрешниот дел на трговскиот центар и на фасадата која ќе добие барокен стил. Директорот на ГТЦ Аго Абазовски, за Фактор изјави дека основниот проект ќе биде готов наесен, а во однос на реакциите на архитектите и анкетата, одговори дека секој има право на свое мислење. -Основниот проект е при крај, најверојатно ќе биде готов во септември и ако се оди по планираната динамика следната пролет ќе почне реконструкцијата. Трговскиот е руиниран и му е потребна реконструкција особено на внатрешниот дел, инсталација, и секако фасадата. Нема отстапки од избраното идејно решение, а секако секој има право на свое мислење, изјави за Фактор директорот на ГТЦ, Аго Абазовски. Минатата недела архитектите од ААМ под мотото “Го сакам ГТЦ повеќе од било кога”, соопштија дека поднесле иницијатива до општина Центар да распише референдум и да ги праша граѓаните кои треба да се решат дали се за идејата за барок или за задржување на автентичниот изглед на Градскиот трговски центар. Архитектите изјавија  дека во повеќе наврати апелирале да престане идејата за барокна фасада на трговскиот центар, но сите нивни обиди завршувале без успех. Од  ААМ очекуваат Општина Центар во најбрз можен рок да ја изгласа одлуката за референдум, но и да се преиспитаат постојаните измени на Законот за градење кои одат во полза на проектот „Скопје 2014“. Ние не знаеме дали ГТЦ ќе се менува целосно или само ќе се промени фасадата. Жалосно е што зад тој проект стојат лица од Архитектонскиот факултети и ја поддржуваат ваквата идеја. Јас да бев автор, на толку објекти од Скопје 2014, како што е авторот на барокен ГТЦ гордо ќе зборував за своите проекти“, изјави на минатонеделната прес конференција, претседателката на Асоцијација на архитекти на Македонија, Сања Ранѓеновиќ – Јовановиќ. Лани архитектите од ААМ беа првите кои го кренаа гласот против менувањето на фасадата на ГТЦ во барок, и преку кампањата “Го сакам ГТЦ”, покажаа зошто не треба да се менува ликот на овој култен објект. На петицијата за зачувување на афтентичниот изглед на ГТЦ се потпшиаа над 4.000 граѓани. Инаку основниот проект се подготвува врз основа на идејното решение на авторите Жарко Чаушевски и Филип Богатинов.  Според идејното решение на авторите, фасадата која гледа кон Собранието ќе биде неокласицистички стил со десетици антички столбови, а на кровот ќе има голема тераса со неколку скулптури. И другите страни ќе добијат соодветни украси со брознзени или елементи со златно-жолта боја. Сегашниот објек ГТЦ е изграден според идејното решение на професорот Живко Поповски, кој на конкурсот во 1967 година ја добил наградата за проектот, а ГТЦ е изграден во 1971 година. Ј.С

Можеби ќе ве интересира

„НЕРАЗУМНОТО РАСФРЛАЊЕ НАРОДНИ ПАРИ ЗА ПАТНИ ТРОШОЦИ ПРОДОЛЖУВА“: Левица со остра реакција, еве колку пари се трошат секоја година

„НЕРАЗУМНОТО РАСФРЛАЊЕ НАРОДНИ ПАРИ ЗА ПАТНИ ТРОШОЦИ ПРОДОЛЖУВА“: Левица со остра реакција, еве колку пари се трошат секоја година

МИЛИОНСКИ СУМИ СЕ ВРАТАТ ВО ПРЕВЕНТИВНАТА МЕДИЦИНА ВО СВЕТОТ: Д-р. Митов во „Бизнис муабети“ за здравјето на работниците и развојот на бизнисот

МИЛИОНСКИ СУМИ СЕ ВРАТАТ ВО ПРЕВЕНТИВНАТА МЕДИЦИНА ВО СВЕТОТ: Д-р. Митов во „Бизнис муабети“ за здравјето на работниците и развојот на бизнисот

„Цело ВМРО-ДПМНЕ“ во еден вагон на пуштањето на новата железничка пруга

„Цело ВМРО-ДПМНЕ“ во еден вагон на пуштањето на новата железничка пруга

Прилепска болница: Починатите бебиња близнаци се најдени премрзнати

Прилепска болница: Починатите бебиња близнаци се најдени премрзнати

Мисајловски: Ќе се обидеме барањето на Трамп да го сведеме на 3 отсто од БДП

Мисајловски: Ќе се обидеме барањето на Трамп да го сведеме на 3 отсто од БДП

ПОЧИНАА БЛИЗНАЧИЊА СТАРИ САМО 20 ДЕНА: Трагедија во прилепско Славеј

ПОЧИНАА БЛИЗНАЧИЊА СТАРИ САМО 20 ДЕНА: Трагедија во прилепско Славеј

ОЈО СО ОБВИНЕНИЕ ПРОТИВ 10 ЛИЦА ЗА ОРГАНИЗИРАН КРИМИНАЛ, МЕЃУ НИВ И ПОЛИЦАЈЦИ - тројца го признале делото

ОЈО СО ОБВИНЕНИЕ ПРОТИВ 10 ЛИЦА ЗА ОРГАНИЗИРАН КРИМИНАЛ, МЕЃУ НИВ И ПОЛИЦАЈЦИ - тројца го признале делото

Тошковски објасни зошто се испишманил МВР за личните карти: Претходните не го промениле Законот

Тошковски објасни зошто се испишманил МВР за личните карти: Претходните не го промениле Законот

ВОНРЕДЕН ИНСПЕКЦИСКИ НАДЗОР НА ДЕТСКА КЛИНИКА: Ќе се чешла случајот со починатото деветгодишно дете

ВОНРЕДЕН ИНСПЕКЦИСКИ НАДЗОР НА ДЕТСКА КЛИНИКА: Ќе се чешла случајот со починатото деветгодишно дете