Добивај вести на Viber
Хрватскиот министер за финансии Славко Линиќ вели дека влезот во Европската Унија Хрватска ја чинела 4,7 милијарди куни односно 616,8 милиони евра и дека тој износ требало да биде покриен со економски раст.
Економски раст нема, бидејќи економијата е во проблми и не почна да работи, предупредува тој.
Прашан дали е време државата да му се обрати Меѓународниот монетарен фонд, Линиќ објаснил дека Фондот се повикува кога државата повеќе не може сама да ги санира финансиските долгови, но дека не се потребни мерки за штедење, бидејќи тие мерки владата упорно ги спроведува во последните три години.