19 Декември, 2025
0.0426

„Чоколадната земја“ и овој викенд продолжува во Веро центарот

Објавено во: Мои пари 21 Февруари, 2014 12:15

Добивај вести на Viber

На 13 февруари во Веро-центарот по вторпат започна фестивалот„Чоколадната земја“,  настан кој предизвика голем интерес кај посетителите, посебно кај најмладите кои имаа можност покрај дегустацијата да ги покажат и своите вештини во декоририање на слатките задоволства благодарејќи на работилниците осмислени токму за нив. На фестивалот посетителите  имаат можност да се запознаат со избор од над 1000 различни чоколадни производи од 9 домашни и странски производители. Бели, црни, чоколади со различни вкусови и разни додатоци е само дел од асортиманот кој овој фестивал веќе втор викенд  ќе им го понуди на посетителите кои ќе имаат несекојдневна можност да уживаат во дегустацијата, промотивните цени на чоколадите, како и во специјалната и богата програма за најмалите. Работилниците и забавните игри и овој пат нема да изостанат од програма па така овој викенд ќе се изработуваат слатки од разни материјали, а играјќи „Слатка меморија“ децата ќе можат да добијат безброј слатки награди. Во „Чоколадната земја“ во Веро-центарот потрошувачите можат да уживаат во чоколадите и слатките на  Европа, Бамби, Мое колаче, Краш, , Кандид, Милка, Киндер, Најлепше жеље, Марс, Баунти, Милки веј, Твикс, Сникерс, Свис лион и Ритер спорт, Шотеген, Тофифи и многу други вкусови, соопштуваат од Веро центарот.

Можеби ќе ве интересира

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии