19 Декември, 2025
0.0572

„Чоколадната земја“ по вторпат ги отвора вратите во Веро-центарот

Објавено во: Мои пари 07 Февруари, 2014 19:29

Добивај вести на Viber

Од 13 февруари до 13 март во Веро-центарот по вторпат ќе се одржи „Чоколадната земја“, настан кој минатата година ги развесели љубителите на чоколадото, им понуди можност за истражување на светот на чоколадото, споделување искуства и уживање во нивниот омилен десерт. Годинава со избор од над 1000 различни чоколадни производи од домашни и странски производители, бели, црни, чоколади со различни вкусови и разни додатоци, посетителите ќе имаат можност да уживаат во дегустацијата, промотивните цени на чоколадите, како и во специјалната и богата програма за најмалите, соопштуваат од Веро-центарот. “Чоколадото е еден од најпопуларните и најпрепознатливите вкусови во светот. Без разлика на возраста, сите сакаат чоколадо и со подеднаква страст уживаат во него. Оваа година обезбедивме 9 излагачи, производители и дистрибутери на чоколадо. Креиравме и забавни игри и анимации за деца, кои ќе заминат одовде со прекрасни спомени и убави награди. Среќни сме што на нашите потрошувачи можеме да им приредиме ваква забава и глетка со бескрајно примамливи чоколадни производи, но и ние во Веро подеднакво им се радуваме на овие денови. Знаете како велат; Кога станува збор за чоколадо, отпорот е залуден...”, изјави во смеа Влатко Величков, маркетинг менаџер во Веро супермаркетите. Во „Чоколадната земја“ во Веро-центарот потрошувачите ќе имаат можност да уживаат во чоколадите и слатките на Европа, Бамби, Мое колаче, Краш, Кандид, Милка, Киндер, Најлепше жеље, Марс, Баунти, Милки веј, Твикс, Сникерс, Свис лион и Ритер спорт, Шотеген, Тофифи и многу други вкусови.

Можеби ќе ве интересира

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии