26 Ноември, 2024
0.0301

Интервју со Ана Чоловиќ Лешоска, претседателка на организацијата „Еко-свест“

Чоловиќ Лешоска: Да се биде коректор на власта е одговорност на секоја граѓанска организација

Објавено во: Македонија 19 Октомври, 2020

Добивај вести на Viber

18 години вие како организација сте еко-коректор во општеството. Кој е предизвикот да се биде еко коректен?

Ана Чоловиќ Лешоска: Главните елементи во нашето работење се објективноста и независноста и мислам дека токму тие се „одговорни“ за нашите досегашни успеси. Да се биде коректор на власта е одговорност на секоја граѓанска организација во општеството. Но, ова е уште позабележително во областа на заштитата на животната средина каде секојдневно се соочуваме со големи проблеми, а оттука и со постојана потреба да реагираме и да го покажеме правилниот пат кон еко-одржливо општество.

Интересно е дека токму оваа година станавте официјален партнер на WWF Adria, а од пред неколку години сте и полноправна членка сте на најголемата Европска мрежа на еко организации EEB. Колку се важни овие глобални организации се со цел да делувате локално?

Ана Чоловиќ Лешоска: Членството и соработката со глобалните и познати актери во заштитата на животната средина ни отвораат еден „прозорец“ кон глобалните трендови, случувања и развој на политиките. За нас е тоа многу важно, особено што како држава сме го избрале патот за членство во Европската унија, а оттука сме се обврзале за реформи кои ќе не доближат поблиску до ЕУ. Затоа соработката со овие мрежи и организации е многу потребна бидејќи од нив учиме, добиваме информации за процесите на Европско и светско ниво и преку нив можеме да делуваме и на ниво на Европа, како и во нашата земја. Целта е секако подобрен животен стандард на граѓаните преку заштитата на животната средина и развој не одржлива економија во склад со природата.

За почит е кампањата за заштита на НП Маврово каде се спречува изградбата на хидроелектраните што е еден вид победа како за вас така и за локалното населени, значи ли дека треба цврсто да кажеме не на уништувањето на животната средина од страна на клиенталистите?

Ана Чоловиќ Лешоска: Борбата за здрава и чиста животна средина треба да е борба на секој од нас, прво лично, а потоа и професионално. Можеби не сме свесни, но сите имаме потреби и истите ги обезбедуваме преку користење на екосистемите- чистиот воздух, листата вода, храната. Дури кога некој е директно засегнат и го губи пристапот до дотогаш користениот ресурс (како на пример кога пресушува изворот за вода за пиење поради изградба на хидроцентрала), станува свесен, но и гневен за непромислената одлука. Не треба да чекаме секој од нас да го почувствува недостигот од основните потреби за живот, треба да делуваме за нивна максимална заштита пред да биде предоцна.

Мораме да бидеме свесни дека нашите реки и шуми постоеле со векови и им овозможуваме живот на голем број генерации- ние не смееме да бидеме таа генерација која зад себе ќе остави пустош и ќе го одземе правото на здрав живот на нашите деца.

Правите разни анализи, физибилити студии и истражувања до кои заклучоци доаѓате, всушност каде Македонија се наоѓа на листата за заштита на животната средина?

Ана Чоловиќ Лешоска: Имаме среќа што изобилуваме со многу ресурси- чиста вода, плодна почва, вкусна храна и прекрасни планини, но се уште не знаеме да ги чуваме како што треба. Поради несовесност и во трката за брз профит, честопати бележиме неповратно уништување на ресурсите кои инаку би овозможиле зелени вработувања, здрав живот и просперитет во државата. Некои стратешки одлуки можат да бидат погубни за цели региони и илјадници жители- како на пример издавањето на концесии за рудници во регион наменет за органско земјоделство, или изградба на комплекси за масовен туризам во заштитени подрачја.

Дополнително на ова, како држава не ја поставивме заштитата на животната средина, а со тоа и нашето здравје како приоритет. Тоа го гледаме и во поставеноста на нашите институции и државното финансирање. Се додека тоа е така, Македонија нема да може да го оствари потенцијалот кој го поседува, да изгради силна и отпорна економија во склад со природата притоа штитејќи ги нашите највредни ресурси со главен фокус на здравјето на своите граѓани.

Константно гласно говорите за климатските промени, што треба секоја индивидуа, компанија и институција да преземе во однос на ова прашање?

Ана Чоловиќ Лешоска: Колку и да се уверуваме себеси дека сме одговорни кон природата, мораме да сфатиме дека сите придонесуваме кон влошување на состојбата со климатските промени. Но, не смееме да се откажеме во постојаниот напор да се подобруваме себеси, своето опкружување, бизнис или институција. Секој напор вреди- секоја акција се важи. Садење дрвја, раззеленување на внатрешниот и надворешен простор, реупотреба и рециклирање, елиминација на пластиката, па дури и пазарењето со платнена торба прави разлика и дава пример. Доколку секој од нас направи нешто позитивно, станува инспирација и поттик и за другите!

 Успехот на една организација се мери по делувањето во општеството, факт е дека пред 10 години го пуштивте во употреба првиот систем за изнајмуање велосипеди во Скопје и потоа го дониравте на градот. Зошто се важни ваквите проекти во кои ќе се остави и ќе биде пример за останатите градови во државата?

Ана Чоловиќ Лешоска: Колку што се гордееме на проектот за првиот систем за изнајмување на велосипеди, толку е тој за нас и болна точка. Од секогаш сме биле „пред времето“, па така и тогаш, направивме нешто за што системот едноставно не беше подготвен. За жал, мислам дека се уште не е.

Но, ваквите примери се многу важни и потребни. Тие покажуваат дека со труд, посветеност и доследност- се е можно! Ако нашите градски татковци (и мајки) разберат дека заедно со граѓаните- во партнерство, а не во „војна“ ќе успееме многу повеќе, нашите градови ќе станат навистина убаво место за живеење.

Ни недостасуваат градоначалници и лидери кои се постојано на терен, со граѓаните, кои одат пеш или со велосипед на работа и кои не се затвораат во свој „меур“ на истомисленици. Примерите од граѓаните и граѓанските организации се тука да го пукнат тој „меур“ и да покажат дека може и поинаку, а поинаку не е погрешно, ако е за јавно добро.

Има ли потенцијал нашиот главен град- Скопје, да биде така наречен „паметен град“?

Ана Чоловиќ Лешоска: За еден град да стане „паметен“ потребна е јасна стратегија и соработка на сите засегнати чинители во трансформацијата. На Скопје и неговите жители, не им преостанува друг избор, освен тоа. Затоа е неопходно таа трансформација да започне многу порано и сите нејзини елементи да се интегрираат во секојдневното одлучување. Од

набавка на видот на возилата на јавните институции, до уличното осветлување, па се до системите за електронско работење за граѓаните, секоја одлука ќе треба да го помине „филтерот“ на „паметен  град“, односно да го исполни тој критериум. Иако Скопје има желба да се трансформира во зелен град, за што има уште многу работа, создавањето на услови за еден град да биде паметен ќе бара голем напор и неверојатна синхронизација и координација на сите институции и системи. Потенцијалот е тука, останува да се демонстрира посветеноста.

 Што ветува зелената економија на локално ниво?

Ана Чоловиќ Лешоска: Зелената економија е можност за отворање на зелени работни места со што ќе се овозможи праведната транзиција. Воспоставување на функционален систем за селектирање на отпад како и правење напори кон зголемување на реупотребата на суровините од страна на индустријата наместо постојано производство на нови е уникатна можност за забрзување на намалувањето на емисиите на стакленички гасови и ублажување на последиците од климатските промени.

Аерозагадувањето ни чука на врата секоја зима, и претставува невидлив убиец на граѓаните, имаме ли решение?

Ана Чоловиќ Лешоска: Многупати сме го донеле истиот заклучок, дека откако ќе се елиминираат сите објекти кои користат фосилни горива во секторот на затоплување, ќе остане да се регулира индустријата и сообраќајот, како посериозните придонесувачи на загаден воздух. Но, поради временските услови во зимските месеци, дури и тоа нема да е доволно. Доколку Скопјани сакаат да дишат во зима, ќе мора да се применат зимски режими на работа со многу повеќе рестрикции во сите сектори. Ова не е реткост во светот, а и не треба да биде проблем доколку сакаме нашето здравје да го сметаме за приоритет. Влошувањето на состојбата со пандемијата, дополнително треба да ги мотивира властите да преземат посериозни мерки, бидејќи зголемувањето на аерозагадувањето и ширењето на вирусот се взаемно поврзани.

Со сликовницата „Јагленко“ покажавте дека треба од мали нозе да се воведе т.н. еко образование кое ќе направи драстични промени во мајнсетот на идните генерации. Колку е важна и школа за енергетика за студенти, која успешно ја организиравте?

Ана Чоловиќ Лешоска: Во вакви дискусии секогаш го посочувам примерот со градинка во Финска, каде децата од вкупно 5 дена во неделата, 4 ги поминуваат во блискиот парк и во природа. Младите мора да остварат посебна врска со природата, за да научат зошто е таа важна за нив како личности и генерално за човекот и општеството. Секако, нашето образование има низа предизвици, па и образованието во делот на заштита на природата има потреба да се подобри и збогати. Од оваа причина Еко-свест ја започнува и својата едукативна програма преку Еко-академијата, која е изградена на основата на Школата за енергетика. Воедно, во тек е и изработка на целосна едукативна програма за 5 возрасни групи (од 3-18 години) преку која ќе помогнеме на наставниците и образовните институции во спроведување на наставните програми во делот на природните науки и заштита на животната средина.

Ја добивте наградата за животна средина „Голдман“, како еко-хероина, кој ќе биде предизвикот во иднина за организацијата, и лично за вас, за животната средина.

Ана Чоловиќ Лешоска: Лично за мене наградата беше признание кое ми даде понатамошен поттик за работа и понатамошен развој на Еко-свест. Во Македонија има многу предизвици во делот на заштита на природата и човековото здравје, оттука и Еко-свест ќе има многу работа 

во годините кои следуваат. Ме радува што 2020 година ја искористивме да се посветиме на развој на услуги на организацијата, работа на едукативната програма и воспоставување на Еко-академијата и моќно присуство во медиумите со нашите кампањи.

Би сакале во следните неколку години да се посветиме на градење на капацитетите на новата Коалиција за клима, како и да продолжиме со активностите за заштита на реките и екосистемите во нашата земја, преку активности за застапување пред институциите, работа со засегнатите граѓани и чинители и подигнување на свеста за еко-одговорност. 

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

БУЈАР ОСМАНИ ТРЕНИРА РОБОТСКА ХИРУРГИЈА ЗА ТРЕТМАН НА РАКОТ - поранешниот министер се пофали од Осло

БУЈАР ОСМАНИ ТРЕНИРА РОБОТСКА ХИРУРГИЈА ЗА ТРЕТМАН НА РАКОТ - поранешниот министер се пофали од Осло

Лукаревска: „Фудбалчето“ на ДУИ ни се удри од глава

Лукаревска: „Фудбалчето“ на ДУИ ни се удри од глава

(ВИДЕО) БЕБЕТО ПЕТАР ГО ДОНЕСЕ НА СВЕТ НАЈВОЗРАСНАТА ПРВОРОТКА ВО ЗЕМЈАВА: „Медицината поместува граници“

(ВИДЕО) БЕБЕТО ПЕТАР ГО ДОНЕСЕ НА СВЕТ НАЈВОЗРАСНАТА ПРВОРОТКА ВО ЗЕМЈАВА: „Медицината поместува граници“

ДАНЕЛА НЕМА ДА СЕ КАНДИДИРА ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЧКА НА СЛЕДНИТЕ ИЗБОРИ: Еве што рече таа во изјава за медиумите

ДАНЕЛА НЕМА ДА СЕ КАНДИДИРА ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЧКА НА СЛЕДНИТЕ ИЗБОРИ: Еве што рече таа во изјава за медиумите

ЦИГАРИ, НАКИТ, ОБЛЕКА, ПАРФЕМИ - Цариниците со полни раце работа, спречен и шверц на мигранти

ЦИГАРИ, НАКИТ, ОБЛЕКА, ПАРФЕМИ - Цариниците со полни раце работа, спречен и шверц на мигранти

Крмов со објаснување: Му го навредија семејството на Апасиев, ова е втор инцидент со пратеници на ВМРО-ДПМНЕ

Крмов со објаснување: Му го навредија семејството на Апасиев, ова е втор инцидент со пратеници на ВМРО-ДПМНЕ

ПОСМРТНИТЕ ОСТАНКИ НА МИТРОПОЛИТОТ ТИМОТЕЈ ЌЕ БИДАТ ИЗЛОЖЕНИ ВО ХРАМОТ НА ПЛАОШНИК ДО КРАЈОТ НА ВЕЧЕРНАТА СЛУЖБА: Верниците се простуваат од Владиката

ПОСМРТНИТЕ ОСТАНКИ НА МИТРОПОЛИТОТ ТИМОТЕЈ ЌЕ БИДАТ ИЗЛОЖЕНИ ВО ХРАМОТ НА ПЛАОШНИК ДО КРАЈОТ НА ВЕЧЕРНАТА СЛУЖБА: Верниците се простуваат од Владиката

МОНИКА ЗАЈКОВА КАКО ДА ГО ВПЕРУВА ПРСТОТ КОН МИЛЕВСКИ: Не сакам да верувам дека стои зад иницијативата за моја смена, но ако свесно го прави, тоа е работа на МНР

МОНИКА ЗАЈКОВА КАКО ДА ГО ВПЕРУВА ПРСТОТ КОН МИЛЕВСКИ: Не сакам да верувам дека стои зад иницијативата за моја смена, но ако свесно го прави, тоа е работа на МНР

Најстарата мајка се породи во Македонија во Клиниката за гинекологија во Скопје

Најстарата мајка се породи во Македонија во Клиниката за гинекологија во Скопје