07 Октомври, 2024
0.0279

ВМРО-ДПМНЕ: Човек кој барал поткуп не може да биде на функција

Објавено во: Македонија 27 Март, 2018

Добивај вести на Viber

Во соопштението до опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ се вели дека Зоран Заев е единствениот премиер во Европа за кого бизнисмени сведочат дека бесрамно ја злоупотребувал службената положба барајќи поткуп.

„Зоран Заев веќе нема кредибилитет да биде Премиер на Владата на Република Македонија“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Од партијата потенцираат дека човек кој барал по едно евро од метар квадратен за него, едно евро за партијата и едно евро за црквата не може да биде на функција.

„Ваквото коруптивно однесување отвора простор за уцени на политичарот кој потоа може да прави концесии на сметка на државните и национални интереси само за да се спаси себе си. Јавното обвинителство и судот мора да соберат храброст и да се ослободат од политичките стеги и притисоци од страна на власта за да го истераат случајот до крај. Не смее немоќта да се гони криминалот на власта да се покрива со неосновани, политички монтирани обвиненија против неистомислениците. Република Македонија е заробена држава. Владеењето на правото е девалвирано. Неосновано обвинетите патриоти кои се гонат за политички нарачаното дело тероризам мора да бидат ослободени од притвор и од апсурдното обвинение“, се наведува во партиското соопштение.

Од ВМРО-ДПМНЕ посочуваат дека судството е под стегите на власта и дозволува Заев  да прави што ќе му текне, додека политички нарачки против политичките противници на Заев се извршуваат експресно.

„Декларативните заложби на Заев  за  интеграција на државата во ЕУ и НАТО се само замајување на јавноста и дефокус од хаосот со кој  се соочува правосудството, политички монтираните случаи и притвори. Државата нема да тргне ниту милиметар кон ЕУ и  НАТО  доколку Република Македонија не може да воспостави цврст систем на  владеење на правото. СДСМ сноси директна одговорност за деградираниот правен систем и девалвираната правна држава. Правдата мора да се врати. Правдата и ќе се врати, а тогаш сите оние кои постапувале политички, а не по словото на Законот и Уставот ќе сносат одговорност, се вели во соопштението на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.


Можеби ќе ве интересира

МИЦКОСКИ МУ КАЖА НА АХМЕТИ ШТО ДА НАПРАВИ: Исчистете ги криминалците од партијата, ние сме тука да помогнеме

МИЦКОСКИ МУ КАЖА НА АХМЕТИ ШТО ДА НАПРАВИ: Исчистете ги криминалците од партијата, ние сме тука да помогнеме

„ВРАТЕНО БИЛО, ЗА ЖАЛ“: Таравари за случајот со починатото 14-месечно бебе на Детската клиника

„ВРАТЕНО БИЛО, ЗА ЖАЛ“: Таравари за случајот со починатото 14-месечно бебе на Детската клиника

Меџити: Почеток на крајот за Европскиот фронт по напуштањето на Тачи

Меџити: Почеток на крајот за Европскиот фронт по напуштањето на Тачи

КЕНИЈЦИТЕ СЕ ЗАКИТИЈА СО ЗЛАТО И СРЕБРО, НАШИОТ ИВАНОВСКИ ЗАСТАНА ДО НИВ: Заврши 20. Скопски Маратон

КЕНИЈЦИТЕ СЕ ЗАКИТИЈА СО ЗЛАТО И СРЕБРО, НАШИОТ ИВАНОВСКИ ЗАСТАНА ДО НИВ: Заврши 20. Скопски Маратон

МОЌНА ПОРАКА НА ПРАТЕНИЧКАТА ПЕТРУШЕВСКА ДО СИТЕ БОРКИ: На Скопскиот маратон трчаше во чест на жените кои се борат со ракот на дојка

МОЌНА ПОРАКА НА ПРАТЕНИЧКАТА ПЕТРУШЕВСКА ДО СИТЕ БОРКИ: На Скопскиот маратон трчаше во чест на жените кои се борат со ракот на дојка

БОЖИНОВСКА: „МАКЕДОНКА СУМ И СЕКОГАШ ЌЕ БИДАМ МАКЕДОНКА“, не дозволувам тоа да ми биде спорено

БОЖИНОВСКА: „МАКЕДОНКА СУМ И СЕКОГАШ ЌЕ БИДАМ МАКЕДОНКА“, не дозволувам тоа да ми биде спорено

Анѓушев на Машински Факултет: „Државата да одреди какви кадри и е потребно да се образоваат за да може да се развива“

Анѓушев на Машински Факултет: „Државата да одреди какви кадри и е потребно да се образоваат за да може да се развива“

НА ВИЗ ЕР СКОПСКИ МАРАТОН ДЕНЕСКА ТРЧААТ РЕКОРДНИ 13.400 ЛУЃЕ ОД 55 ЗЕМЈИ: Во Скопје посебен сообраќаен режим до 14 часот

НА ВИЗ ЕР СКОПСКИ МАРАТОН ДЕНЕСКА ТРЧААТ РЕКОРДНИ 13.400 ЛУЃЕ ОД 55 ЗЕМЈИ: Во Скопје посебен сообраќаен режим до 14 часот

ПРЕСТРЕЛКА ВО ЧАИР, МАЖ ИМА ЧЕТИРИ ПРОСТРЕЛНИ РАНИ: Пукано е од автомобил

ПРЕСТРЕЛКА ВО ЧАИР, МАЖ ИМА ЧЕТИРИ ПРОСТРЕЛНИ РАНИ: Пукано е од автомобил