25 Ноември, 2024
0.0275

Човек од ЕВН влегува во Регулаторна! Има ли независност ова тело?

Објавено во: Економија 25 Декември, 2012

Добивај вести на Viber

Куштрим Рамадани од Евн Македонија најверојатно ќе биде нов член на Регулаторната комисија за енергетика. Експерти, но и поранешни членови на Комисијата спорат колку ова тело е навистина независно, колку некогашните партиски активисти и вработени во енергетските компании во земјава, а сега членови на Комисијата навистина се ослободиле од партиските влијанија и од судирот на интереси. Независноста на регулаторните тела во земјава е рак-рана со години наназад. Катерина Попоска На предлог на премиерот Никола Груевски, инженерот Куштрим Рамадани од Куманово, кој до неодамна работел во Евн Македонија во одделот за планирање на електрични мрежи најверојатно ќе биде нов член на Регулаторната комисија за енерегетика. Тој треба да дојде на местото на Рухи Бакиу, чиишто мандат завршува токму денеска денеска. Иако членовите на комисијата имаат право на два мандати од по пет години, Бакиу за “Фактор“ вели дека сепак нема повторно да се кандидира за позицијата. “Имам право на реизбор, но нема да се кандидирам. Таква е одлуката. Владата го предлага инженерот Куштрим Рамадани и тука нема ништо спорно. Јас во следната една година ќе бидам под апанажа“, кусо изјави Бакиу. Рамадани бил советник за енергетика во Министерството за економија во периодот 2008-2009 година, во време кога  министер беше Фатмир Бесими. Во професионаланат биографија на Рамадани пишува дека магистрирал на Техничкиот универзитет во Грац, Австрија, а има и искуство како консултант во областа на енергетската технологија и планирање на електрани. За член на Комисијата , согласно Законот за енергетика може да биде избран  македонски граѓанин кој има завршено високо образование од областа на електротехниката, машинството, технологијата, економијата или правото; во поседните 15 години пред именувањето да има најмалку 10  работно искуство во енерегетиката; најмалку една година пред изборот за член на Комисијата да не бил член на Надзорен или Управен одбор на директори на компанија која има регулирана енерегетска дејност. Колку е (не)зависна Регулаторната комисија за енергетика?! Има ли изолација од партиските влијанија?! Аналитичарите многу пати до сега јавно полемизираат колку членовите на Регулаторната комисија за енергетика навистина се и ќе бидат независни во одлучувањето со оглед на тоа својот професионален “багаж“. Единствено Радомир Цветковиќ, поранешен член на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) прифати јавно да зборува за (не)зависноста на ова регулаторно тело. Цветковиќ вели дека кога тој бил член на комисијата, пред околу 10 години, одлуките ги носеле исклучиво и врз основа на Правилниците. “Колку едно регулаторно тело какво што е регулаторната комисија за енерегтика е навистина независно ни покажува начинот на кој се избираат членовите, начинот на финансирање, на носење на одлуките како и тоа, на кого регулаторното тело му поднесува извештај за своето работење. Оттука произлегува и фактичката независност на едно регулаторно тело. Јас единствено можам да кажам дека во времето кога јас бев член на Комисијата, бевме независни. Одлуките ги носевме исклучиво според Правилниците, без да бараме мислење по нашата донесена одлука“, објаснува Цветковиќ. И други поранешни членови на Комисијата кои не сакаат јавно да зборуваат за проблемите и притисоците во досегашното нивно работење велат дека пред 10-тина години владините претставници не покажувале толку голема желба да се мешаат во работата на Комисијата. Признаваат дека од година во година независноста на РКЕ се повеќе се доведува во прашање. “Ако некои поранешни, сегашни или идни членови на Регулаторната комисија за енеретика се етаблирале како членови на некоја политичка партија или пак, биле или имаат некој член на семејството што е на раководна функција во некоја од енергетските компании во земјава, навистина се доведува во прашање независноста на регулаторното тело. Со откажувањето од партиската книшка не верувам дека престанува и партиското влијание во нивното работење. Тука е проблемот. Тешко се ислегува од партиските канџи и стеги. Но, не помал може да биде и притисокот од енергетските компании кои вршат регулирана дејност. Дискутабилно е и тешко се докажува дека при носењето на некоја одлука членот на Комисијата немал притисок, влијание или судир на интерес“, објаснува за Фактор поранешен член на Комисијата кој сака да остане анонимен. Претседателот на Регулаторната комисија за енерегетика, пак Димитар Петров, вели дека партиски притисоци апсолутно немаат. “Ако ние ги следиме и ги прифаќаме интересите на компаниите, тогаш сме контрадикторни на себе. Ние секогаш до сега сме одобрувале цени пониски од она што го побарале компаниите. Значи, факт е дека ние регулираме, а не одобруваме она што во целост го бараат компаниите. Во поглед на независноста, шпекулативно е воопшто да коментирам колку сме независни, бидејќи во законот точно е дефинирано што значи член на регулаторната комисија за енергетика. Партиски притискок апсолутно нема“, изјави неодамна  Петров.    

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

ВОЗАЧИ, ЕВЕ ШТО ТРЕБА ДА ЗНАЕТЕ КОГА УТРЕ ЌЕ ОДИТЕ НА БЕНЗИНСКА - Регулаторна со нови цени на горивата

ВОЗАЧИ, ЕВЕ ШТО ТРЕБА ДА ЗНАЕТЕ КОГА УТРЕ ЌЕ ОДИТЕ НА БЕНЗИНСКА - Регулаторна со нови цени на горивата

Еве ги најголемите економски патриоти! Кои се најголемите македонски извозници меѓу котираните компании?

Еве ги најголемите економски патриоти! Кои се најголемите македонски извозници меѓу котираните компании?

МИЦКОСКИ КАЖА КОГА КОНЕЧНО ЌЕ СЕ ДЕФИНИРААТ УСЛОВИТЕ ЗА УНГАРСКИОТ КРЕДИТ: Еве што најави

МИЦКОСКИ КАЖА КОГА КОНЕЧНО ЌЕ СЕ ДЕФИНИРААТ УСЛОВИТЕ ЗА УНГАРСКИОТ КРЕДИТ: Еве што најави

ШТО Е ТОА ШТО ГИ РАЗЛИКУВА „ТЕМУ“, „АЛИЕКСПРЕС“ И „ШЕЈН“: Голема трка за новиот кинески император

ШТО Е ТОА ШТО ГИ РАЗЛИКУВА „ТЕМУ“, „АЛИЕКСПРЕС“ И „ШЕЈН“: Голема трка за новиот кинески император

ВО СРЕДА ЌЕ ИМА ЈАВНА БЕРЗАНСКА АУКЦИЈА ЗА 9,83 ОТСТО - кој ќе искешира 7,34 милиони евра за акции на „Македонијатурист“

ВО СРЕДА ЌЕ ИМА ЈАВНА БЕРЗАНСКА АУКЦИЈА ЗА 9,83 ОТСТО - кој ќе искешира 7,34 милиони евра за акции на „Македонијатурист“

БАНКРОТ НА ЕВРОПСКИОТ ГИГАНТ ЗА БАТЕРТИИ: Директорот поднесе оставка откако се тргна надолу

БАНКРОТ НА ЕВРОПСКИОТ ГИГАНТ ЗА БАТЕРТИИ: Директорот поднесе оставка откако се тргна надолу

Должник на МЕПСО од Косово пред суспензија од пазарот за електрична енергија

Должник на МЕПСО од Косово пред суспензија од пазарот за електрична енергија

ОВА Е НАЈОМРАЗЕНИОТ ЧОВЕК НА ВОЛСТРИТ: Трамп го номинираше за министер за трговија

ОВА Е НАЈОМРАЗЕНИОТ ЧОВЕК НА ВОЛСТРИТ: Трамп го номинираше за министер за трговија

Соработката со „Бехтел ЕНКА“ продолжува со презентации во Прилеп и во Битола за тендерските процеси и за зајакнување на учеството во локалниот синџир на снабдување

Соработката со „Бехтел ЕНКА“ продолжува со презентации во Прилеп и во Битола за тендерските процеси и за зајакнување на учеството во локалниот синџир на снабдување