Чулев: Операторот не знае како треба да изгледаат пасошите, проблем е новото уставно име
Објавено во: Македонија 19 Февруари, 2020 13:18
Во МВР има проблем со изработката на пасошите и другите лични документи поради новото уставно име, тврдо Наќе Чулев, техничкиот министер за внатрешни работи, независно од тоа што „Веридос“ треба да и испорача на Македонија 100.000 обрасци за патни исправи на крајот од март.
Тој за „Слободен Печат“ тврди дека во моментов машините во МВР не се оспособени да печатат пасоши со „Северна Македонија“ за оние кои ќе поднесат барање за нивно обновување по истекот на рокот на старите документи. Проблем било тоа што нема софтвер, а исто така и германскиот „Веридос“ не знае какви технички спецификации треба да ги изработи документите.
– Работата е во тоа што има аномалија во нарачката склучена за пасоши со новото уставно име „Република Северна Македонија“. Кога се правела нарачката, во делот каде што треба да бидат внесени техничките спецификации за изработка на личните документи е оставен празен простор. А нарачката е направена и платена. Платено е и за личните карти, и за возачките дозволи, и за пасошите со новото уставно име. Не требало да направат порачка без претходно да ги дефинираат техничките спецификации. А тоа е, каде да го пишува името на пасошот, на кој јазик да го пишува презимето, дали да има националност, државјанство, каде да стои бројот. Со едноставни зборови, како да изгледа документот – ни изјави Чулев.
Од она што му го пренеле претставниците на „Веридос“ Чулев очекува обрасците за некои лични документи да стигнат дури на есен, односно дека ќе има одложување.
Можеби ќе ве интересира
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот
ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми




