Чулев со објаснување за групирањето на граѓаните во возилата
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 09 Април, 2020
Министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев, во однос на пласираните информации во јавноста кои се однесуваат на ограничувањето на групирање на граѓаните во возила и употреба на заштитна опрема објасни дека не е донесена ваква препорака или одлука.
Но, апелира до граѓаните да ги почитуваат препораките за социјално дистанцирање и носење заштитна опрема со цел заштита на своето здравје и здравјето на своето најблиски.
Наведува дека се забранува движењето на граѓаните на територијата на целата држава од понеделник до петок во период од 16:00 до 05:00 часот и за време на викенд од 16:00 часот во петок до 05:00 часот во понеделник.
Во однос на лицата со возраст 67 години се забранува движење од понеделник до петок, во период од 12:00 до 10:00 часот наредниот ден.
За лицата на возраст до 18 години се забранува движење од 15:00 до 13:00 часот наредниот ден.
„Се забранува собирање во група на повеќе од две лица во паркови и на други јавни места, при што лицата помлади од 14 години кои се во придружба на родител кој е дел од групата не се вбројуваат“, информира Чулев.
За време на забраната за движење на граѓаните, сопствениците на домашни миленичиња (куче) кои живеат во колективни станбени објекти може да ги изнесуваат истите надвор најмногу до 100 метри од објектот во кој живеат и тоа: во времетраење од 30 минути, односно од 20:00 до 20:30 часот, а во деновите сабота и недела, наутро од 8:00 до 8:30, попладне од 15:00 до 15:30 и во вечерните часови од 20:00 до 20:30 часот.
Претходно, Славјанка Петровска, заменик-министерката за внатрешни работи, појасни дека во автомобил што не се користи за комерцијални цели може да се возат четворица возрасни, додека правилото најмногу до тројца важи за возило кое се користи за извршување на работни задачи, односно за теренски активности.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.