21 Март, 2023
0.0190

„Чуварите на мудроста“ ќе споделат животни искуства со младите

Објавено во: Мои пари 17 Март, 2023

Добивај вести на Viber

Успешни професори, уметници, стопанственици, новинари ќе ги споделат своите животни и професионални искуства со младите на првата конференција „Чувари на мудроста“, која ќе се одржи на 31 март во Скопјево Филхармонија. Станува збор за несекојдневна можност на едно место да се чујат советите на дел од најискусните и најпочитуваните професионалци во државата. Професорите Никола Пановски и Костадин Танчев Динка, академик Таки Фити, писателката Винка Саздова, актерот Благој Чоревски, новинарката Катерина Цаневска се дел од учесниците кои ќе дискутираат на три теми - култура, економија и комуникации.

 

Модераторите на настанот, новинарите Сребра Ѓорѓијевска и Горан Теменугов ги споделуваат своите очекувања за овој интересен настан.  

„Секој од нас расте како личност, зашто постојано учи нови работи. Учиме од своето искуство, но и од туѓото, а најдобрите лекции ги учиме од добрите примери, од поискусните. Треба да сме благодарни на секоја можност да „купиме“ од знаењето и искуството на луѓето. Затоа, секоја можност да чуеме што имаат да кажат „чуварите на мудроста“, професионалците што имаат изодени километри на падови и подеми, треба да ја искористиме. Токму таква е првата конференција „Чувари на мудроста“, која се организира со поддршка на Халкбанк. Мислам дека споделените искуства ќе бидат бесценети“, вели Ѓорѓијевска.

Присуството на конференцијата ќе биде бесплатно за сите студенти, кои својот статус ќе го потврдат со студентска легитимација. Целта е токму на новите генерации да им се овозможи да ги чујат искуствата, но и да дискутираат со луѓето кои изградиле успешна кариера.

„Студирањето, освен стекнување знаење, значи и дека младите веќе се определиле што сакаат да бидат во животот. Тие кројат планови за својата кариера, но веројатно при тоа се соочуваат со многу дилеми, неизвесности, прашања. Ќе се обидеме да им дадеме вредни совети кои верувам дека за нив ќе претставуваат некаков патоказ при носењето одлуки кога ќе се најдат на крстопат во иднина. Ќе ги потсетиме на важноста на советот и искуството од повозрасните, од оние кои зад себе оставиле многу, но и сè уште се авторитети во својата област“, порачува Теменугов. 

Освен студентите со студентска легитимација, сите останати кои се заинтересирани да бидат дел од конференцијата „Чувари на мудроста“ треба да се регистрираат и да го пријават своето учество на овој линк. Настанот се организира во рамки на кампањата „Да ги слушнеме и гушнеме“, која Халкбанк ја започна минатата година, со цел да им даде глас на луѓето кои оставиле трајни вредности во нашето општество. Повеќе информации за кампањата се достапни на веб страницата https://cuvarinamudrosta.mk/

ПР објава

Можеби ќе ве интересира

Новите линии на Samsung Neo QLED и OLED телевизори од сега се достапни за преднарачка со неверојатни подароци

Новите линии на Samsung Neo QLED и OLED телевизори од сега се достапни за преднарачка со неверојатни подароци

А1 Македонија е добитник на наградата Best Buy за најдобар сооднос на цена и квалитет за мобилен интернет

А1 Македонија е добитник на наградата Best Buy за најдобар сооднос на цена и квалитет за мобилен интернет

ЕЛЕКТРАНИТЕ И ФАБРИКИТЕ НА ФЕРО ИНВЕСТ - ДЕЛ ОД СТУДИСКАТА ПОСЕТА НА СТРАНСКА ДЕЛЕГАЦИЈА ВО ПРОГРАМАТА ЗА БОРБА ПРОТИВ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ

ЕЛЕКТРАНИТЕ И ФАБРИКИТЕ НА ФЕРО ИНВЕСТ - ДЕЛ ОД СТУДИСКАТА ПОСЕТА НА СТРАНСКА ДЕЛЕГАЦИЈА ВО ПРОГРАМАТА ЗА БОРБА ПРОТИВ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ

Парленд хоспиталити груп ги отвори вратите за студентите од Универзитетот Гоце Делчев во Штип

Парленд хоспиталити груп ги отвори вратите за студентите од Универзитетот Гоце Делчев во Штип

Најпознатите македонски модели блеснаа во комбинации од Fashion Group

Најпознатите македонски модели блеснаа во комбинации од Fashion Group

ПРИЛЕПЧАНЕЦ ОСВОИ СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ ВРЕДЕН 18.936.936 ДЕНАРИ

ПРИЛЕПЧАНЕЦ ОСВОИ СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ ВРЕДЕН 18.936.936 ДЕНАРИ

Наградени најдобрите работници на „Sport Life“ за 2022 година

Наградени најдобрите работници на „Sport Life“ за 2022 година

„САКАМ ДА РАБОТАМ“ ДО „АНТИКОЦКАЊЕ“: 10 илјади семејства си ја бранат чесната и легална егзистенција, кажете и на јавноста чиј матен бизнис интерес се крие зад вашите активности?

„САКАМ ДА РАБОТАМ“ ДО „АНТИКОЦКАЊЕ“: 10 илјади семејства си ја бранат чесната и легална егзистенција, кажете и на јавноста чиј матен бизнис интерес се крие зад вашите активности?

МТЕЛ со донација за Домот за стари лица „Зафир Сајто“ во Куманово

МТЕЛ со донација за Домот за стари лица „Зафир Сајто“ во Куманово