Чвореста кожа кај добитокот, фармерите да пријават ако забележат симптоми
Објавено во: Агробизнис 24 Април, 2016 10:07
Во Демиркаписко пред неколку дена е откриен случај на чвореста кожа кај говедо, по што животното е убиено.
Изолирани се и другите четири говеда во местото Чифлик. Сепак постои опасност од ширење на болеста бидејќи таа се пренесува многу лесно, со каснување од инсекти преку допир на заразено говедо со друго или преку храна и вода.
Опасност за луѓето нема затоа што не е пренослива од животните, но поради лесното ширење сточарите можат да трпат големи загуби.
На фармерите од Агенцијата за храна и ветеринарство им ги посочија симтомите кои ги има болното животно, зголемена температура, лигавење од носот и устата, ја одбиваат храната и млечноста опаѓа. Инкубацијата на болеста трае две до три недели.
Чвореста кожа е болест која е типична за Африка, но со поместувањето на температурните граници се шири и преку Турција, Грција, Бугарија стигна и во земјава.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина
Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?





