17 Декември, 2025
0.0572

Цигарите ќе поскапат од 4 до 10 денари!

Објавено во: Економија 16 Јули, 2013 11:50

Добивај вести на Viber

Зголемување на цените на цигарите се очекува до крајот на месецот. Како што објави „Вечер“, од 4 до 10 денари ќе се зголемат цените на Родео, Бос, Вест, Класик, 57, Вардар и други, претежно цигари од домашни производители, кои се поевтини.

Според информациите од маркетите, тутунските комбинати најавиле дека до крајот на месецот ќе им биде доставен новиот ценовник со 10% повисоки цени, кој ќе важи откако ќе се потрошат резервите.

Законот за акцизи беше изгласан пред десетина дена, а согласно објавата во Службен весник стапи на сила од 13 јули годинава. Според новите законски измени, акцизата на цигарите треба постепено да се зголемува следните 10 години.

Зголемувањето од оваа година, од следната година на 1 јули, па се до 2015 година, стапките на специфичната и минималната акциза на цигарите се зголемуваат за 0,15 денари по парче во секоја година, од 1 јули 2016 заклучно со 1 јули 2023 година за 0,20 денари по парче во секоја година.

Притоа, се до 1 јули 2023 година, акцизата на тутунот за пушење како фино сечкан тутун ќе се зголемува за 50 денари по килограм во секоја година.

Притоа, се до 1 јули 2023 година, акцизата на тутунот за пушење како фино сечкан тутун ќе се зголемува за 50 денари по килограм во секоја година.

Можеби ќе ве интересира

Кои европски земји имаат најниски нивоа на БДП по глава на жител?

Кои европски земји имаат најниски нивоа на БДП по глава на жител?

Ристески објасни како од 1 јануари ќе ја пресметуваат просечната потрошувачка кошничка

Ристески објасни како од 1 јануари ќе ја пресметуваат просечната потрошувачка кошничка

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје

„Бауер БГ“ ја реконструира Палата АСНОМ по стара шема, со нови анекс-договори од 700.000 евра засега

„Бауер БГ“ ја реконструира Палата АСНОМ по стара шема, со нови анекс-договори од 700.000 евра засега

КУПЦИТЕ НА СТАНОВИ МОЖЕ ДА ЗДИВНАТ – повластената даночна стапка останува и следните три години

КУПЦИТЕ НА СТАНОВИ МОЖЕ ДА ЗДИВНАТ – повластената даночна стапка останува и следните три години

Кончар потпиша договор со позната американска компанија

Кончар потпиша договор со позната американска компанија

Откриено што ја чека германската економија

Откриено што ја чека германската економија

ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар

ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар