20 Мај, 2024
0.0327

Ципрас и Заев наскоро пак ќе се сретнат ако се пројде „мазно“ во Виена

Објавено во: Македонија 31 Март, 2018

Добивај вести на Viber

Можно е одржување на нова средба меѓу премиерите Заев и Ципрас доколку актуелната рунда на разговори во Виена меѓу министрите за надворешни работи Димитров и Коѕијас со медијаторот Нимиц вродат со конструктивност и напредок во доближување на ставовите, пренесуваат грчките медиуми.

Како што јави дописникот на МИА од Атина, според истите извори, на разговорите во Виена, бил направен напредок, а веднаш по Велигден, ќе продолжат преговорите со средба на двајцата министри за надворешни работи.

– Овој напредок ќе се покаже од подготовката во следните денови, а двајцата министри ќе бидат во континуиран контакт за веднаш по Велигден, можеби во комбинација со некое друго патување на Балканот, одново да се сретнат за да ги споредат ставовите на владите во Атина и Скопје. Секако, ако постојат позитивни одговори, истите извори не отфрлаат средба на двајцата премиери, пишува грчката новинска агенција АНА –МПА.

Дипломатски извори за грчката новинска агенција, потенцирале дека целта е преговорите да стигнат до суштински одлуки што ќе го пресечат Гордиевиот јазол.

За евентуална нова средба на Зоран Заев и Алекис Ципрас, објавија и грчките телевизии во нивните централни изданија на вестите.-Двајцата министри се согласија да имаат нова средба, а ако постои суштински напредок и има позитивни одговори на прашањето, би можело да се закаже и средба на двајцата премиери, објави државната ЕРТ.

Според телевизиите Скај и Антена, Атина направила отстапки во преговорите, во однос на името, односно отстапила од барањето името да биде на македонски јазик, во еден збор, слеано и непреведено. Но, за возврат бара името да биде ерга омнес и да има промена на Уставот, посебно во членот 49.  (МИА)


Можеби ќе ве интересира

СУДСКИОТ СОВЕТ НА ПОЛНОЌ ЌЕ ОДЛУЧУВА ЗА ИМУНИТЕТОТ НА СУДИЈАТА: по денешното апсење за мито

СУДСКИОТ СОВЕТ НА ПОЛНОЌ ЌЕ ОДЛУЧУВА ЗА ИМУНИТЕТОТ НА СУДИЈАТА: по денешното апсење за мито

„Битно е процесот да биде демократски и да се заврши се како што треба“: Јаулески од ВМРО смета дека ќе добијат уште еден пратеник

„Битно е процесот да биде демократски и да се заврши се како што треба“: Јаулески од ВМРО смета дека ќе добијат уште еден пратеник

„ДУИ да се спремаат за мирна, цивилизирана транзиција како во секоја европска држава“: Милошоски вели „време е да заминат во опозиција“

„ДУИ да се спремаат за мирна, цивилизирана транзиција како во секоја европска држава“: Милошоски вели „време е да заминат во опозиција“

„ПРОБАВ ДА ВЛЕЗАМ ВО СОБРАНИЕТО. И НЕ УСПЕАВ“: професорката Најчевска ја напушта „Твоја партија“, еве што порача

„ПРОБАВ ДА ВЛЕЗАМ ВО СОБРАНИЕТО. И НЕ УСПЕАВ“: професорката Најчевска ја напушта „Твоја партија“, еве што порача

АВМУ: Изборен молк поради прегласување за Парламентарните избори 2024

АВМУ: Изборен молк поради прегласување за Парламентарните избори 2024

СУДИЈА ОД ВРХОВЕН СУД ЗАВРШИ ЗАД РЕШЕТКИ - фатен во моментот кога добивал мито

СУДИЈА ОД ВРХОВЕН СУД ЗАВРШИ ЗАД РЕШЕТКИ - фатен во моментот кога добивал мито

МИЈАЛКОВ ОД ЧЕТВРТОК НА СЛОБОДА: Апелациониот суд го ослободува, под услов да не стори ново дело

МИЈАЛКОВ ОД ЧЕТВРТОК НА СЛОБОДА: Апелациониот суд го ослободува, под услов да не стори ново дело

Започна со работа новото училиште во Визбегово, се запишуваат првооделенците

Започна со работа новото училиште во Визбегово, се запишуваат првооделенците

ЗА ТРИ ИЛЈАДИ ДЕНАРИ СО НОЖ СЕ ЗАКАНУВАЛ ДЕКА ЌЕ ГО УБИЕ СОПСТВЕНИОТ ТАТКО - притвор за насилник од Раштани кому ова не му било прв пат

ЗА ТРИ ИЛЈАДИ ДЕНАРИ СО НОЖ СЕ ЗАКАНУВАЛ ДЕКА ЌЕ ГО УБИЕ СОПСТВЕНИОТ ТАТКО - притвор за насилник од Раштани кому ова не му било прв пат