26 Декември, 2024
0.1025

Ципрас: Народот доволно страдаше, датумот од ЕУ ќе биде важна порака

Објавено во: Македонија 01 Октомври, 2019

Добивај вести на Viber

Европската унија треба да одобри датум за Северна Македонија, е пораката што од Скопје ја испрати грчкиот премиер Алексис Ципрас. Договорот од Преспа покажува дека Северна Македонија е еден кредибилен партнер за ЕУ, на која и порача дека таа мора да прекине со својата национална интровертност.

Поранешниот грчки премиер, а сега опозициски лидер, Ципрас, во моментов е во Скопје, каде заедно со премиерот Зоран Заев се едни од главните говорници на Самитот за Западен Балкан, во организација на магазинот „Економист“.

Според Ципрас, договорот ја потврдува и амбицијата на ЕУ да воспостави мир и стабилност. Народот, рече, доволно страдаше заради конфликтите од минатото, а датумот од ЕУ ќе биде важна порака и за власта и за граѓаните. Датумот, според него, ќе ги затвори сите можности за нови војни и конфликти на територијата на поранешна Југославија.

„Никогаш не смееме да заборавиме дека овој Договор е склучен затоа што имавме среќна коинциденција да имаме прогресивни влади и во Северна Македонија и во Грција“, нагласи Ципрас.

Не заборави да потсети и дека сѐ уште има незатворени прашања од Договор.

„Се разбира, има прашања кои се сѐ уште на чекање, особено отстранувањето на грчките симболи и договорот околу менувањето на учебниците. Но, очекуваме напредок и во овој правец. Сите знаеме дека најважниот чекор е преземен бидејќи нашите држави повеќе не се противници, нашите народи многу бргу ќе почнат да ги гледаат придобивките. Да не ги заборавиме сите форми на соработка кои овој договор ги овозможува, тоа значи соработка во економијата, туризмот и одбраната“, вели Ципрас.

Најави и дека наскоро во одбраната ќе се потпише договор за чување во воздушниот простор над нашата држава од страна на Грција.

Се потсети и на средбата со премиерот Заев во Давос.

„Со Зоран се сретнавме во Давос и се договоривме да не ја загубиме оваа шанса. Договорот од Преспа е позитивен сигнал и значи позитивна промена и за регионот и за Европа, ја симболизира победата на дипломатијата и на соработката, победа врз силите на национализмот“, нагласи поранешниот грчки премиер.


Можеби ќе ве интересира

ЗА НАБАВКА НА ТЕЛЕВИЗОРИ ВО ДРЖАВНА ЛОТАРИЈА: Уапсен газдата на „Ритрон Копи“

ЗА НАБАВКА НА ТЕЛЕВИЗОРИ ВО ДРЖАВНА ЛОТАРИЈА: Уапсен газдата на „Ритрон Копи“

АЛБАНИЈА ПОТВРДИ: Артан Груби нема албанско државјанство

АЛБАНИЈА ПОТВРДИ: Артан Груби нема албанско државјанство

OJO: Поведена постапка за злоупотреба при јавни набавки во „Државна лотарија“

OJO: Поведена постапка за злоупотреба при јавни набавки во „Државна лотарија“

МИЦКОСКИ ТВРДИ ДЕКА СЛУЖБИТЕ ГО СЛЕДЕЛЕ НЕГО И НЕГОВОТО СЕМЕЈСТВО: Објасни која е причината

МИЦКОСКИ ТВРДИ ДЕКА СЛУЖБИТЕ ГО СЛЕДЕЛЕ НЕГО И НЕГОВОТО СЕМЕЈСТВО: Објасни која е причината

ФИНАНСИСКА ПОЛИЦИЈА УАПСИ ЛИЦЕ ПОВРЗАНО СО „ДРЖАВНА ЛОТАРИЈА“ - се проширува случајот

ФИНАНСИСКА ПОЛИЦИЈА УАПСИ ЛИЦЕ ПОВРЗАНО СО „ДРЖАВНА ЛОТАРИЈА“ - се проширува случајот

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШЕН НАЧАЛНИК НА ОДДЕЛЕНИЕТО ЗА ОБЕЗБЕДУВАЊЕ ВО ВЛАДАТА - овозможил на колега кој не исплнил услови да добие бонус од 600 евра

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШЕН НАЧАЛНИК НА ОДДЕЛЕНИЕТО ЗА ОБЕЗБЕДУВАЊЕ ВО ВЛАДАТА - овозможил на колега кој не исплнил услови да добие бонус од 600 евра

Тошковски: Граничниот полицаец бил импресиониран од политичката големина на Груби и од луксузното возило

Тошковски: Граничниот полицаец бил импресиониран од политичката големина на Груби и од луксузното возило

ЗА УСТАВНИТЕ ИЗМЕНИ СЕ ОГЛАСИ ГАШИ: Треба да има политичка волја и политички договор

ЗА УСТАВНИТЕ ИЗМЕНИ СЕ ОГЛАСИ ГАШИ: Треба да има политичка волја и политички договор

Вива со новогодишна донација внесе празнична атмосфера во детските болници

Вива со новогодишна донација внесе празнична атмосфера во детските болници