Ципрас пристигна во македонската Влада
Објавено во: Македонија 30 Септември, 2019
Алексис Ципрас попладнево по втор пат ја посети македонската Влада во Скопје, овој пат како лидер на грчката опозиција, а претходно во април како грчки премиер кој предводеше грчка владина делегација.
Утре се очекува заедничка панел дискусија на Ципрас со македонскиот премиер Зоран Заев на Самитото на „Економист“ во Скопје, на кој е најавено присуство на околу 450 учесници, меѓу кои странски бизнисмени, политичари и менаџери на компании важни за регионалната амбиција за евроатлантски интеграции, како и новинари.
Ципрас синоќа имаше обраќање во Грција и рече дека е горд на постигнувањето на Преспанскиот договор и го искритикува неговиот опонент - актуелниот грчки премиер Киријакос Мицотакис, оквалификувајќи го како „лицемер кој сега ја признава Спогодбата“
Се очекува денеска во Вадата на средбата помеѓу Заев и Ципрас да се разговара за европската интеграција на Македонија.