Добивај вести на Viber
Словенија вчера потпиша договор за продажба на „Хелиос“, прва од 15-те државни компании предвидени за приватизација, во обид да обезбеди доволно средства за стабилизирање на јавните финансии.
Конзорциумот, составен во најголем дел од државни акционери, продаде 73 отсто од акциите на производителот на бои „Хелио“ на австриската компанија „Ринг интернешнал холдинг“ (РИХ). РИХ плати 520 евра по акција, со што вредноста на компанијата за бои од Љубљана, се проценува на 145 милиони евра, пишува словенечкиот весник „Финанс“.
Словенечкиот парламент во јуни одобри приватизација на 15 државни компании, вклучително Телеком Словенија и Адриа ервејс, со цел стабилизирање на јавните финансии и решавање на проблемите во банкарскиот сектор.
„Хелиос“, водечкиот производител на бои во југоисточна Европа со 2.300 вработени, минатата година оствари профит од 4,4 милиони евра, во однос на 1,34 милиони во 2011 година.