ВО ОБВИНИТЕЛСТВОТО СЕ ПОВИКАНИ НАЈМАЛКУ 20 ЛУЃЕ: Дачиќ рече дека корозија на држачите на натстрешницата е можна причина за несреќата
Објавено во: Балкан 02 Ноември, 2024 13:36
Српските власти ќе сослушаат голем број луѓе за да се утврди одговорност за несреќата од вчера. Најмалку 20 луѓе се повикани на сослушување во српското обвинителство по несреќата во Нови Сад која се случи вчера и во која загинаа 14 луѓе, откако се урна натстрешница на Железничка станица.
Треба да се утврдат „сите суштински елементи на кривични дела и кривична одговорност“ за несреќата. Ќе бидат сослушани претставници од Министерството за градежништво, транспорт и инфраструктура, надлежниот министер Горан Весиќ, претставници од Железници Србија и Заводот за заштита на спомениците на културата на градот Нови Сад, како и други лица. Универзитетскиот клинички центар во Војводина (УКЦВ) на 2 ноември потврди дека нема нови жртви, а тројца од повредените сè уште се во тешка состојба. Зградата на главната железничка станица во Нови Сад беше отворена во јули 2024 година по тригодишна реконструкција. Единствениот дел кој не бил реновиран е натстрешницата.
Министерот за внатрешни работи на Србија Ивица Дачиќ денеска изјави дека се идентификувани 13 лица кои загинаа во вчерашната несреќа на железничката станица во Нови Сад и дека уште едно лице не е идентификувано, јави дописникот на МИА од Белград.
„Обвинителството и полицијата идентификуваа 13 лица. Загинати се и две внуки, родени 2014 и 2018 година и дедо од Ковил… Имате фудбалски клуб кој денеска објави дека загинато е момче и девојка, фудбалер роден 2003 година и неговата девојка 2004 година, исто така дете родено во 2007 година и во 2008 година“, изјави Дачиќ за ТВ Прва.
Дачиќ рече дека корозија на држачите на натстрешницата е можна причина за несреќата.
Во несреќата загина и еден македонски државјанин кој работел како научник во Нови Сад.
Можеби ќе ве интересира
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација
Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата
Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии
Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни
Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата




