ЦРН РЕКОРД: Италија надмина 100.000 починати од коронавирусот
Објавено во: Свет, Корона Вирус 08 Март, 2021
Црн рекорд бележи Италија. Земјата со денешните 318 починати од кроонавирусот го надмина прагот од 100.000 жртви, една година откако изби заразата, објави денеска Министерството за здравство.
Вкупно досега починаа 100.103 луѓе, а најпогодени региони се Ломбардија со близу 30.000 починати, Емилија-Ромања со близу 11.000 и Пиемонт и Венето со близу 10.000 жртви.
„Секој мора да направи сè што може за да се ограничи ширењето на вирусот. Но, пред сè мора Владата да ја одработи својата работа“, изјави премиерот Марио Драги.
Досега во Италија се дадени 5,4 милиони дози вакцина, но само 1.6 милиони луѓе примија две дози. Во 10 региони е прогласена портокалова зона, шест се жолти, три црвени и една, Сардинија, бела. Италија е една од најпогодените европски земји. Дури имаше тврдења дека пред да се појави во Кина, вирусот циркулирал во Италија.
foto freepik
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.