ЦРНА ГОРА: Невремето урна мостови од 400 тони

Објавено во: Балкан 03 Јули, 2024 18:14
Невремето вчера во Црна Гора урна мостови од 400 тони, а има и две жртви. Meдиумите пренесуваат дека се работи за мостови високи 30 метри.
Најпогодени се пристаништата Бар, Будва, Котор и Улцињ, каде како последица на бурните ветрови проследени со обилни врнежи и грмежи, евидентирана е голема материјална штета.
Ветерот ги урна сите три претоварни моста тешки повеќе од 400 тони, како и три дигалки во пристаништето Бар, откорна дрвја во повеќе општини во централниот и јужниот регион, урна покриви на куќи и згради, а беше прекинато снабдување со електрична енергија во делови од земјата.
Улиците на крајбрежјето беа под вода, а најкритично беше во Будва. Оштетени се неколку возила и чамци.
Турски државјанин загина во Чањ, а Д.П.(60) од Тиват загина на градилиштето на теренот за голф во Луштица.
Невреме вчера имаше во Словенија, Хрватска, Србија и Македонија.
фото подгорички времеплов
Можеби ќе ве интересира
(ФОТО) НЕВРЕМЕ ВО ХРВАТСКА: Дрвја паднаа врз туристи, а гром удри во Германец

Нова провокација од Бугарија? Претседателот на згаснатиот „Ванчо Михајлов“ примен во бугарското МНР

(ВИДЕО) ВУЧИЌ ВО ПАРК: Време е да ги подобрам физичките карактеристики, да бидам малку помалку дебел

(ВИДЕО) НЕСРЕЌА ВО ГРЦИЈА: Хеликоптер се урна во морето

ПОЧНА СЕЗОНАТА НА ДОМАТ – ТУРИЗАМ, КРИШКА ЛЕБ СО ПАШТЕТА НА ПЛАЖА ЗА ДВАЈЦА: Денот се поминува со помалку од 5 евра

СИНГАПУРСКИ МИЛИЈАРДЕР ЈА РУШИ ВИЛАТА НА ТИТО: Ќе никне најлуксузен комплекс на Јадранот

„ЦРНИ“ ПРОГНОЗИ ЗА БИХ: Во ризик се 10.000 работни места

СРБИЈА ЌЕ ПОМОГНЕ НА УКРАИНА: Вучиќ кажа колку градови би можеле да обноват

КОСОВО САКА ДА ГО ПРИФАТИ БАРАЊЕТО НА САД: Спремни се да примат странски државјани
