Добивај вести на Viber
Според годишниот извештај на ЕК , Црна Гора треба да покаже дополнителни резултати во борбата против организираниот криминал и корупцијата. Во извештајот стои дека земјата има напредок во воспоставувањето на пазарната економија, подобрени се можностите за исполнување на ветувањата дадени пред ЕУ и има голем степен на задоволувачки политички показатели за членство во Унијата.
Според препораките во извештајот, земјата беше соочена со сериозни предизвици, поврзани со злоупотреби на јавни средства во корист на партиски интереси и недоверба во изборниот процес, се вели во извештајот. Голема загриженост се изразува и за нападите врз новинари.
Сепак денеска генералниот секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен, изјави дека Алијансата во иднина ја гледа Црна Гора како своја членка.
„Ние ја гледаме иднината на Црна Гора во евроатланското семејство и решени сме да и помогнеме на тој пат“, истакна Расмусен кој вели дека Црна Гора е важен партнер за Алијансата и држава-кандидат за членство во НАТО.
Тој ги поздрави постојаните напори за придружување на Црна Гора во НАТО и ЕУ и и честиташе на спроведените реформи.