Црна Гора затвора 11 градови
Објавено во: Балкан, Корона Вирус 10 Март, 2021
Црна Гора „заклучува“ 11 градови и општини за наредните седум дена.
Ова се однесува на градовите и општините што имаат 14-дневна инциденца на 100.000 жители поголема од 800 и тоа: Подгорица, Будва, Тиват, Херцег Нови, Улцињ, Цетиње, Никшиќ, Плужине, Бар, Котор и Пљевља. Ќе биде забрането работење на трговски центри, на обложувачници и на фитнес центри.
„Забрането е и движење на жителите надвор од тие општини, освен со претходно дефинирани исклучоци и со потврди“, рече Игор Галиќ, директор на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ).
Галиќ додаде дека новите епидемиолошки мерки забрануваат работа на угостителски објекти, освен за гостите во хотелот. Границите со соседни држави остануваат отворени, но црногорските граѓани и странци со постојан или привремен престој во Црна Гора, како и странци, освен ако не влезат од БиХ, Србија, Косово или Албанија, мора да достават негативен резултат на ПЦР или брз тест за антиген, не постар од 48 часа, или позитивен серолошки тест за антитела, не постар од еден месец. Останува да важи и полицискиот час. Здравствениот систем во земјата е сериозно оптоварен. Досега од коронавирусот во Црна Гора починаа 1.100 луѓе.
foto freepik
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.