ЦРНАТА КАШЛИЦА КОСИ ВО РЕГИОНОТ, НАШИТЕ ПЕДИЈАТРИ АПЕЛИРААТ НА ВАКЦИНАЦИЈА: Д-р Тасевска за екстремно заразната бактериската инфекција
Објавено во: Македонија 30 Октомври, 2023 07:34
Години наназад во
Македонија нема појава на инфекцијата пертусис или кај народот позната како
голема или црна кашлица, но викендов што измина јавноста беше посебно
вознемирена поради веста која дојде од Мостар каде што на Клиниката за детски
болести два и пол месечно бебе почина од ова екстремно заразно заболување. Лекарите од Босна, Хрватска и Србија веќе
предупредуваат на ширење на болеста која сега се појавива по доста поминати
години, пред се како резултат на
невакцинирањето против пертусис.
Д-р Ана Тасевска, специјалист педијатар од Институтот за белодробни заболувања – Козле во разговор за Фактор посочува кои се симптомите на оваа бактериска инфекција и како поскоро може да се дијагностицира, односно да се открие.
-Причинител на ова заболување кое постарите генерации го нарекуваат голема или црна кашлица е бактеријата Bordetella pertussis, што значи дека станува збор за силна бакатериска инфекција која е особено сериозна кај доенчињата. Особено тешка клиничка слика и развој на компликации може да даде кај бебињата до два месеца, особено поради фактот што првата доза од вакцината се дава на новороденчињата на двемесечна возраст. Болеста има три фази. Воведната фаза се карактеризира со горнореспираторна инфекција, течење на носот и температура заради што и многу тешко е да се открие болеста во овој период.

Потоа настапува втората фаза која е најтешка и најдраматична. Тука се случува таа интензивна и силна кашлица која многу долго трае. Кај доенчињата овие нападите на кашлица можат да бидат асоцирани со инспираторен стридор или зајдување. Нападите на кашлица обично се јавуваат ноќе и често се придружени со повраќање на мукус. Нападите продолжуваат во регуларни интервали во тек на 1-4 недели, а потоа стануваат поретки. Може да се повторат при нова респираторна инфекција. Сомнежите дека станува збор за пертусис или голема кашлица се јавуваат токму во оваа фаза. Лабораториските анализи на крвта покажуваат енормно зголемување на леукоцитите со назначен зголемен број на лимфоцити. За да се потврди заболувањето се прави PCR тест, односно се зема брис, вели д-р Тасевска.
Во однос на третата фаза од заболувањето, д-р Тасевска потенцира дека тоа е период на заздравување, но поради силниот токсин што го лачи бактреријата Bordetella pertussis, кој всушност и ја предизвикува силната кашлица, таа може да трае со недели, па и со месеци. Докторката посочува дека оваа бактериска инфекција е ектремно контагинозна и дека се пренесува многу лесно преку честички кои се исфрлаат при кашлањето или кивањето. Инкубацијата е најчесто од 3 до 12 дена.
-Заболувањето успешно се лекува со макролидни антибиотици, но најважна е превенцијата. Ние имаме вакцинација против пертусис и таа треба да биде силно прифатена од страна на родителите. Се дава во три дози од кои првата е кога бебето има два месеци, а потоа на секои два месеци, односно се прима на 4, па на 6 месеци. Ревакцинацијата е на година дена. Заштитата со вакцината против пертусис е доживотна, вели д-р Тасевска.
Оваа вакцина во Македонија е воведена во 1960 година, а пред почетокот на имунизацијата против голема кашлица во земјава годишно имало и по 3.600 заболени годишно, од кои по 20 умирале.
Анита Буховски
Можеби ќе ве интересира
Желјазков: Немаме нерешени билатерални прашања со Република Северна Македонија
Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче
Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч
Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“
Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција
Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен
„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија
Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери




