05 Декември, 2025
0.0551

„Croatia Osiguranje“- бренд со 129 годишна традиција

Објавено во: Мои пари 06 Јуни, 2013 12:49

Добивај вести на Viber

Croatia Osigurаnje – Загреб, најстарата осигурителна компанија во регионот, како и едно од најстарите осигурителни Друштва во Европа, одбележа 129 години успешно работење. Друштвото е основано на 04.06.1884 година, а во 1990 година прераснува во акционерско друштво каде како доминантен сопственик на акциите се јавува Р. Хрватска. Групацијата „Croatia Osiguranje“ денес е застапена во Хрватска, Босна и Херцеговина, Македонија, Србија и на Косово. Во 1905 година за прв пат во своето портфолио го воведува животното осигурување. „Croatia Osiguranje“ е првата осигурителна компанија во Хрватска и регионот која е ISO сертифицирана. Во 2009 година „Croatia Osiguranje – Загреб“ е прогласена за најуспешна осигурителна компанија во југоисточна Европа, а добитник е и на четири златни и една една кристална куна од страна на Хрватската стопанска комора во категоријата „Најдобар Осигурител“. Во 2005 година на пазарот во Македонија започна со работа „Кроациа Осигурување – Живот“ Друштво за осигурување на живот кое е дел од групацијата „Croatia Osiguranje“. Кроациа Осигурување – Живот е првата компанија со добиена лиценца за продажба на полиси за животно осигурување од страна на министерството за финансии на Р.Македонија. Во период од осум години компанијата бележи перман ентен раст на осигурителната премија за животно осигурување и бројот на склучени договори. Компанијата во 2012 година успеа да го зголеми и својот пазарен удел на 45% иако на пазарот животно осигурување нудат четири компании, еднакво добри европски брендови. Дури 57% од вкупните продадени полиси за животно осигурување во 2012 година се издадени од Кроациа Осигурување – Живот, што јасно говори дека македонските граѓани во Компанијата препознаваат стратешки партнер во донесувањето на одлуката за долгорочно штедење и сигурност. Групацијата го продолжи своето проширување на пазарот во Р.Македонија во 2009 година со отворање на Друштво за неживотно осигурување -„Кроација Осигурување - Неживот“, кое успешно делува на македонскиот пазар.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Пакомак најави отворање на нов погон за секундарно селектирање на отпадот, каков што нема никаде на Балканот

Пакомак најави отворање на нов погон за секундарно селектирање на отпадот, каков што нема никаде на Балканот

СЕТЕК BLUE DECEMBER: ЖЕЛБИТЕ БЛЕСКААТ ВО СИНО

СЕТЕК BLUE DECEMBER: ЖЕЛБИТЕ БЛЕСКААТ ВО СИНО

Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“

Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“

Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“

Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“

ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ

ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ

Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?

Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?

Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели

Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели

Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни

Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни

АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј

АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј